Косовскиот парламент ги усвои законите кои овозможуваат трансформација на Косовските безбедносни сили во Вооружени сили на Косово.
Во Парламентот влегле и неколку идни војници.
Првиот закон што е усвоен се однесува на трансформација на КБС во Министерство за одбрана, а вториот закон се однесува на трансформација на КБС во вооружени сили.
Со усвојување, пак, на третиот законт формално правно е завршена процедурата за формирање косовска војска, пренесуваат српските медиуми.
Дописникот на РТС јави дека законите се донесени по скратена постапка и едногласно.
Српските медиуми денешниот ден за Косово и Србија го означија како „Денот Д“.
Истовремено припадници на КФОР се распоредени на мостот што ја дели Косовска Митровица на северен и јужен дел, додека хеликоптери на НАТО ја надлетуваат Приштина.
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, во следните три дена ќе биде во копнената безбедносна зона.
САД и Германија го поддржаа формирањето на косовска војска, а ЕУ и НАТО се против, пишуваат српските медиуми.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.