Со ова поскапување цената се враќа на онаа од 2018 година.

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 декември, 2021 15:25

Парното во Скопје поскапува за 14 отсто

Фото/Текст извор: ©telma

Скопјани од утре ќе плаќаат повисоки сметки за парно. Регулаторна пресече, јануарските сметки ќе бидат потешки за 14 отсто и тоа се однесува на корисниците на БЕГ, Елем Енергетика и Скопје Север.

Поскапувањето се должи на енормниот раст на цената на природен гас на сверски берзи, енергенс кој го немаме во државата и зависни сме од увоз. Со ова поскапување цената се враќа на онаа од 2018 година.

Низ бројки ова значи дека семејство кое во просек плаќало по 2.000 денари месечно за парно греење, отсега ќе мора да одвои 2.800 денари.

Претседателот на Регулаторна, Марко Бислимовски, повторно кажа дека станува збор за тешка одлука и дека сториле све за товарот да не падне на граѓаните.

За да стигнат до овие 14 отсто поскапување, во калкулациите регулаторите ја пресметале цената на метар кубен природен гас во висина од 350 долари. Во моментов таа изнесува 1.480 долари и доколку се раководеле по оваа цена поскапувањето би било 190 отсто. Разликата од 9 милиони евра кои ќе настанат како дупkа, Бислимовски побара да ја надополнат Владата и Град Скопје.

Она што е клучно е што финансиската помош за БЕГ мора да пристигне што е можно поскоро, бидејќи компанијата има обезбедено гас за следните две недели.

Доколку не се обезбеди набавка на гас, БЕГ ќе продолжи да работи на мазут до крајот на грејната сезона, нешто што не се препорачува бидејќи топланите кои се наоѓаат во урбани средини ќе го загадуваат воздухот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.