Партениј ќе ја има улогата на викарен епископ на дебарско-кичевската епархија и останува во Бигорскиот манастир, каде ќе биде неговото епархиско седиште.

Објавил: Стојче Бушин | 21 мај, 2020 13:13

Партениј избран за владика – Бигорски станува епархиско седиште!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Игуменот на Бигорската Обител, отец Партениј е новиот епископ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а Бигорскиот Манастир станува епископско седиште, дознава „религија.мк“.

Синодот на МПЦ-ОА; го избра за владика на денешната седница на предлог на Дебарско-кичевскиот Митрополкт г. Тимотеј.

Партениј ќе ја има улогата на викарен епископ на дебарско-кичевската епархија и останува во Бигорскиот манастир, каде ќе биде неговото епархиско седиште.

Отец Партениј е четиринаесетиот владика во Синодот на МПЦ-ОА.

Бигорски манастир Свети Јован Крстител е манастир кој се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требиште, по течението на реката Радика во западна Македонија.

Според Бигорскиот поменик, манастирот бил основан од страна на монахот Јован во 1020 година, а во XVI век манастирот бил разрушен од страна на отоманската власт и од целиот комплекс останал само како мала црква. Од помениците исто така се дознава дека манастирот бил повторно обновен во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион кој бил и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.

Името на манастирот доаѓа поради фактот што објектот бил изграден од бигор. Бигорскиот манастир го сочинуваат манастирската црква која е посветена на Јован Крстител, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Министерот Филипче на луѓето кои живеат со ретка болест им порача дека не се сами и дека Министерството за здравство е секогаш отворено за да ги слушне нивните потреби и стручно да ги следи новите и достапни терапии.

Заев и Филипче: Воведуваме системски пристап на грижа за луѓето кои живеат со ретка болест и го зголемуваме бројот на достапни лекови

Во завршницата на месецот посветен на ретките болести и на кампањата „Ги запознаваме...

Со Буџетот за 2021 година за третман на пациенти ретки болести се обезбедени 520 милиони денари, што е двојно повеќе, споредено со 2017 година, кога за буџетот на оваа програма биле издвоени 213.967 милиони!

ФИЛИПЧЕ: БОЛЕСТИТЕ СЕ РЕТКИ, НО ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ НЕ СЕ САМИ

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, присуствуваше на настанот посветен за промоцијата...

- Пред неколку денови веќе започнаа градежните активности за реконструкција на кејот „13 Ноември“, таму е предвидено целосно преуредување на партерот, во оваа фаза се врши отстранување на терасите од страна на локалите коишто таму беа поставени во минатото.

ШИЛЕГОВ: СКОПЈАНИ ЌЕ ДОБИЈАТ ОСЛОБОДЕН ЈАВЕН ПРОСТОР НА КЕЈОТ „13 НОЕМВРИ“

Градоначалникот Шилегов денеска одговарајќи на советничко прашање детално го објасни...

Доколку Заев има барем малку разум, после денешниот масовен одзив на граѓаните против пописот тој ќе го прекине процесот.

Илјадници граѓани се потпишаа против фалсификат пописот на Заев

Илјадници скопјани се потпишаа против фалсификат пописот на Заев. Илјадници скопјани...