ВД реисот, муфтијата од Гостивар, е брат на универзитетскиот професор во Тетово, Милаим Фетаху поранешен член на АВМУ на предлог на ДУИ а сега на листата за амбасадор во Хрватска на владината листа како предлог на ДУИ.

Објавил: Едмонд Бекири | 27 мај, 2020 14:46

ПАРТИСКИ ВРСКИ: ВД реисот Фетаху близок на сменетиот Реџепи и на ДУИ!

Фото/Текст извор: ©Либертас

Поставениот вд Реис, досегашниот муфтија од Гостивар, Ефенди Шаќир Фетаху според извори во ИВЗ е човек од доверба на сменетиот Сулејман Реџепи а двајцата наводно инклинираат кон владејачката ДУИ.

Смената на реисот Реџепи е по скандалот за кој пишуваа медиуми на албански јазик за криминали во ИВЗ а чашата ја прелеала женидбата на 74-годишниот Реџепи со 24 годишната Емина Јетиши, потпредседателка на огранокот на ДУИ во Студеничани. 
Со 2/3 мнозинство донесена е одлука за разрешување на Реисот Реџепи од функцијата!

И таткото на новата сопруга на Реџепи е локален функционер на ДУИ – претседател на огранок во Драчево.

Повлекувањето на Реџепи од челната позиција на ИВЗ е да се намали срамот меѓу верниците и да се превенираат евентуално уште по скандалозни приказни но наводно и снимки поради кои екс реисот морал да се повлече од функцијата.

ВД реисот, муфтијата од Гостивар, е брат на универзитетскиот професор во Тетово, Милаим Фетаху поранешен член на АВМУ на предлог на ДУИ а сега на листата за амбасадор во Хрватска на владината листа како предлог на ДУИ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Заради својата безрезервна преданост кон бугарштината во Македонија, тие ја заслужуваат нашата почит и денеска“, пишува Каракачанов.

КАРАКАЧАНОВ: ВМРО била и секогаш ќе остане најбугарската кауза, од ВМРО, српска и руска свирка не бидува и никогаш нема да стане!

Бугарскиот министер за одбрана и Вице премиер Красимир Каракачанов, објави дека дедото...