Живот
Настани
Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов го прослави педесеттиот роденден и по тој повод доби безброј роденденски торти од своите колеги, кои ги подари на децата со попреченост во развојот како и во Институтот за белодробни заболувања во Козле, Детската клиника и Клиниката за Онкологија.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на социјалните мрежи се заблагодари на сите за честитките по повод неговиот роденден и рече сите луѓе да се радуваат на животот и заедно сите да славиме убави моменти.
Шилегов напиша дека една од најголемите желби за радост му се искрените детски насмевки, а сите знаеме колку децата се радуваат на родендените и тортите. Подарените торти од својот роденден тој ги подари на децата со попреченост во развојот како и во Институтот за белодробни заболувања во Козле, Детската клиника и Клиниката за Онкологија.

Но, една од најголемите желби за радост ми се искрените детски насмевки, а сите знаеме колку децата се радуваат на родендените и тортите. Затоа, овие роденденски торти коишто денес ги добив, ги праќам за децата од “СОС Детско село“, „Дневниот Центар за деца на улица“ и „Дневниот центар за лица со Даунов синдром“, Институтот за белодробни заболувања во Козле, Детската клиника и Клиниката за Онкологија и искрено посакувам и се надевам дека нивните желби, ќе бидат наша реалност. Да им посакаме да бидат здрави, среќни и радосни.
Исто така, ја користам оваа прилика на благодарност, да повикам да помогнеме и донираме средства за:
– Здружението “Трисомија 21” за помош и поддршка на лицата со даунов синдром на сметка – 380177189101121 и на здружението за заштита на правата на детето со сметка – 300000001103896
Да се сакаме, да се грижиме и чуваме сите заедно!
Благодарам на сите!!!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Настани
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.