Синдикатот ги заштитува интересите на речиси 21 илјада вработени во „Луфтханза“.

Објавил: Сара Фемина | 8 ноември, 2019 21:26

ПАТНИЦИТЕ ИЗВИСЕНИ: Луфтханза бара излез од штрајкот, денеска се откажаа 600 лета!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поради штрајкот кој почна вчера германската авиокомпанија „Луфтханза“, денеска откажа околу 600 лета.

Како што соопштуваат од компанијата најавено е дека штрајкот ќе трае 48 часа, а вчера беа откажани 700 лета. 

Секој петти од вкупно 6.000 летови на авио-компанијата се откажуваат, односно во деновите за кога е закажан штрајк.
Според компанијата, следува откако судот во Франкфурт дал зелено светло за одржување на штрајк, отфрлувајќи го барањето на авиокомпанијата за забрана на штрајковите.

Луфтханза АГ е најголемата авиокомпанија во Европа во смисла на превоз на патници и национален авиопревозник на Германија. Името на компанијата потекнува од “Luft”, германски збор за воздух, и “Hansa”, моќна средновековна трговска компанија. Авиокомпанијата е петта по големина во целиот свет, оперира на 209 дестинации во 81 земја.

Луфтханза ја има втората најголема флота на авиони во светот. Седиштето на авиокомпанијата е во Келн, Германија, додека централниот аеродром кој го користи авиокомпанијата е аеродром Франкфурт, со втор хуб аеродром Минхен. Луфтџанза е првиот член на Star Alliance, најголемата светска алијанса на авиокомпании. Star Alliance беше формирана во 1997 година заедно со Thai Airways, United Airlines, Air Canada и SAS Scandinavian Airlines System.

Моментално, Star Alliance има 20 членови и 3 регионални члена. Луфтханза оперира со преку 400 авиони и вработува 105,261 луѓе ширум светот. Во 2007 година, 83.1 милиони патници летаа со Луфтханза.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Одлуката зборува за „примени пораки кои содржат документирани обвиненија против споменатите архиепископи за црковни злосторства“.

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ВО РУСКАТА ЦРКВА: Испливаа експлицитни фотографии, двајца епископи во геј афера!

Според одлуката на патријархот на Москва и на цела Русија, епископите на Армавир-Лабин,...

Ја победивме битката со злобниот вирус во Црна Гора, рече премиерот Душко Марковиќ на прес-конференција.

СТОП ЗА СРБИЈА ВО ЦРНА ГОРА: Од 1 јуни се отвораат границите, но не и за СРБИЈА!

„Ја победивме битката со злобниот вирус во Црна Гора, рече премиерот Душко Марковиќ. Премиерот...

Патем, треба да се потсети на неодамнешната анализа на Си-Ен-Ен, во која се вели дека пандемијата на вирусот корона ги забрза промените во рамнотежата на глобалната моќ, што се случуваат на штета на Соединетите држави.

ТРАМП ОТКРИ БОЛНА ВИСТИНА ЗА СЕБЕ, ПУТИН И КИНА: Американскиот претседател повеќе не можеше да молчи!

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека рускиот претседател Владимир Путин...