
Македонија
Вести
Сите патници и членови на екипажите од два авиони на компанијата „Американ ерлајнс“ кои на аеродромот во Филаделфија пристигнале од Европа се ставени во карантин.
Ова е сторено откако 12 од патниците се разболеле од симптоми слични на грип.
На лекарски прегледи се вкупно 250 лица од превентивни причини, а американскиот Центар за контрола и превенција на болести е информиран , изјавила портпаролката на аеродромот во Филаделфија, Дајан Џирејс.
Инаку двата авиона пристигнале од Европа синоќа, едниот од Париз, другиот од Минхен, пренесува Ројтерс.
Од другите авиони кои слетале во Филаделфија ниту еден од патниците или членовите на екипажите не се задржан во карантин.
Инаку екипажите на двата авиони не ја контактирале лекарската служба во аеродромот пред слетувањето за да ја предупредат дека имаа заболени патници.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.