12 лица ја проживеала несреќата

Објавил: Калина Мартинска | 25 декември, 2024 9:57

Патнички авион се урна во Казахстан, има преживеани (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Авион со 72 лица се урна во Казахстан, соопшти тамошното Министерството за вонредни ситуации. Според првичните информации падот го преживеале 12 лица.

Азербејџан ерлајнс објави дека Ембраер 190 летал од главниот град на Азербејџан Баку до Грозни, главниот град на руска Чеченија, но бил пренасочен поради магла, по што морал принудно да слета на приближно три километри од казахстанскиот град Актау.

На социјалните мрежи се појави видео од падот на кое се гледа како авионот се запалил при ударот.

 

Казахстанските власти објавија дека во авионот имало 67 патници и пет членови на екипажот, додавајќи дека 12 лица ја преживеале несреќата, пренесе Ројтерс.

Казахстанското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека противпожарните служби го изгаснале пожарот и дека преживеаните се згрижени во блиската болница.

 

Се стравува дека во несреќата загинале десетици луѓе.

 

Причината за авионската несреќа сè уште не е позната, но на снимката се гледа како авионот стрмно се спушта во близина на аеродром во западниот дел на земјата пред да удри во земјата. Можно е да се работи за обид за принудно слетување.

Властите во Казахстан соопштија дека почнале да истражуваат различни можни верзии за тоа што се случило, вклучително и технички проблем, пренесе руската новинска агенција Интерфакс.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...