Српскиот патријарх Порфириј денеска во Соборната црква во Белград на архиепископот македонско-охридски Стефан му го предаде томосот со кој СПЦ ја признава автокефалноста на Македонската православна црква, објави Танјуг.
Агенцијата не соопшти детали за настанот, ниту пак за содржината на томосот со кој СПЦ ја признава автокефалноста на МПЦ.
На 24 мај, денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј на заедничка литургија во Соборниот храм во Скопје, српскиот Патријарх Порфириј објави дека СПЦ ја признава автокефалноста на МПЦ-ОА, со што беше окончан 55-годишниот спор меѓу двете цркви.
Патријархот истакна и дека е многу среќен затоа што и Србите и Македонците во Северна Македонија се среќни за автокефалноста на Македонската православна црква.
Патријархот Порфириј препорача МПЦ сега да најде соодветно име.
Исто така, Патријархот Порфириј истакна дека црквата не може да биде оружје и дека не е оружје за постигнување други цели.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.