„Работите тргнаа од мртва точка, не само за Пазарен инспекторат туку и за другите инспекторати каде се потребни инспектори.

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 октомври, 2020 18:03

Пауновски: Владата вети дека ќе добиеме барем уште 20 инспектори

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски денеска изјави дека догодина бројот на нови пазарни инспектори ќе се зголеми за 20.

„Работите тргнаа од мртва точка, не само за Пазарен инспекторат туку и за другите инспекторати каде се потребни инспектори. Направена е анализа на она што е потребно. Ние имаме вишок на администрација, но тој вишок не можеме да го преземеме во инспекциските служби. Владата ни вети дека ќе ни излезе во пресрет и ќе ги добиеме барем тие 20 инспектори“, рече Пауновски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција на Инспекцискиот совет.

Пауновски упати благодарност до медиумите што го отвориле прашањето за проблемите со кадровската екипираност.

На прашањето како се снаоѓаат да одговарат на работните задачи со помалку инспектори од што им се потребни, Пауновски вели:

„Сите инспектори молиме Бога да бидат здрави и живи и да издржат и да ги завршат сите работни задачи што ни се дадени. Се што ни е дадено како задача, се трудиме максимално да го испочитуваме и да ја завршиме работата како што треба. Не постои место каде инспекторите не пристапуваат и каде е потребна, контрола, а таа да не е извршена. Затоа и можеби и во последните недела дена намалени се и кривичните пријави, бидејќи и луѓето сфатија дека инспекторите се на терен, дека треба да ги почитуваат протоколите. Она што ни се случува со прекубројноста на новозаразени и починатите, почна полека да ја враќа свеста кај граѓаните и кај стопанските субјекти кои се предмет на нашите контроли“, истакна Пауновски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.