26 годишниот Илија Стамков од Неготино е еден од нив. Тој од дијализата се спасил пред 7 години благодарение на бубрегот од мајка му. Се пожали дека сега живее во неизвесност.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 јули, 2019 22:33

Пациентите со пресаден бубрег молат за помош: Во државата ги нема потребните лекови, живеат во страв!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Триесет пациенти со трансплантирани бубрези живеат во страв дека повторно можат да се вратат на апаратите за прочистување на крвта. Веќе еден месец на Нефрологија ја нема терапијата која е неопходна за организмот да не го исфрли донираниот орган.

26 годишниот Илија Стамков од Неготино е еден од нив. Тој од дијализата се спасил пред 7 години благодарение на бубрегот од мајка му. Се пожали дека сега живее во неизвесност.  Дели лекови со останати пациенти за да го задржи бубрегот.

– Ни рекоа ќе има дури во семптември лекови. Проблем е тоа за нас, се снаоѓаме бидејќи може па да се вратиме на дијализа и затоа си делиме лекови. Ако не ја пиеме редовно ќе дојде до губење на органот.

Стамков признава дека некои пациенти одат по терапијата во странство, но за тоа треба да издвојат најмалку 400 евра. Замената на лекот што им ја нудат од Нефрологија не била прифатена од сите пациенти.

-И докторите што не водат велат дека терпаијата на замена може да предизвика нус појави и ни велат дека е ризик примањето. Тоа не е оригинал терапија.

Не може за трансплантација да бидат фрлени толку многу пари и сега за банална работа да се вратиме на почеток, реагираат од здружението за бубрежно болни НЕФРОН.

Не се работи за тоа дали ќе се увезе лекот или не, огромни финансиски средства се одвојуваат за трансплантација а потоа за банална работа може да се вратиме на почеток. Апелираме надлежните да ја завршат работата благовремено, се знае точниот број на пациенти и лекот и нема да дозволиме да се игнорираат пациентите. И додека во други земји земаат нови генерички лекови, ние не може и постојните да ги добиеме, велат од НЕФРОН.

Министерот Филипче е запознаен со проблемот а средба со него бараат и пациентите со трансплантирани органи.

-Набавката на овие лекови е во надлежност на Клиниката за Нефрологија и утрово зборував со директорката. Има замена и знам дека таа кај некои пациенти прави стомачни тегоби. Ќе провериме денеска со МАЛМЕД кој е проблемот со тендерските набавки, вели Венко Филипче министер за здравство.

Но не е проблемот само со недостигот на терапија за пациенти со трансплантирани бубрези. Малигно болни  реагираат дека со месеци ги нема дел од неопходните лекови. Филипче овој проблем ќе го решава со централизирана набавка.

ИЗВОР: СИТЕЛ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Станува збор за вакцини од реномирани странски производители, меѓу кои 27.000 вакцини се од „Мајлон Абот“ (Mylon Abot), а 1.000 вакцини од „Санофи“ (Sanofi).

Почнува бесплатно вакцинирање против сезонски грип

Бесплатно вакцинирање против сезонски грип, со кое се опфатени постари лица на возраст...

Ако се разгледаат информациите на Бирото за јавни набавки паѓа во очи и податокот дека во последниве два месеци министерствоо има донесено и преку 70 одлуки со кои се поништуваат веќе почнати јавни набавки, така што ако и овие биле завршени, ќе имало уште повеќе набавки.

ВРТОГЛАВА СУМА : 39 милиони евра потрошило Министерството за здравство за јавни набавки

Институтот за граѓански комуникации неодамна излезе со податок дека од анализирани...

И во 2016 година во истоветниот период била прогласена епричела на ниво на општина Крива Паланка и Ранковце, што покажува дека станува збор за заразно заболување кое се јавува циклично.

НОВА ЕПИДЕМИЈА НА СИПАНИЦИ: Во Крива Паланка и Ранковце е прогласена епидемија на варичела

Според податоците за пријавени случаи на лица заболени од овчи сипаници од Подрачната...