Кавгата на италијанската Влада за својот прв буџет во мандатот ја падна вредноста на Еврото, Брегзит ја "турна" Фунтата во однос на американскиот долар

Објавил: Мартин Попоски | 28 септември, 2018 8:02

Паѓа вредноста на еврото и на фунтата

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Два дена со ред на берзите паѓа вредноста на еврото поради италијанскиот буџет, а Брегзит ја “турна” фунтата.

Вредноста на еврото падна на светските берзи по веста за кавгата во италијанската влада, која ќе треба да го претстави својот прв буџет.

Вредноста на еврото во просек падна за 0.5 проценти и падна на 1.1685 долари, што е негово најниско ниво по 20 септември.

Со тоа, вредноста на доларот зајакна за 0.4 проценти. Италијанските медиуми јавуваат за драматичните настани поврзани со државниот буџет и најавата за оставка на министерот за економија, Џовани Трио, која била подоцна демантирана.

Најверојатно ќе биде и одложен состанокот на владата на тема буџет.

Паѓа и вредноста на британската фунта на берзите, што се должи на непостигнувањето на договор за Брегзит меѓу Британија и ЕУ. Фунтата падна за 0.3 проценти во однос на доларот на 1.3109 долари, додека односот на фунтата према еврото е речиси непроменет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во Бугарија од вечерва почнува забраната за влез во државата на автомобили со руски регистарски таблички, изјави началникот на граничната полиција Антон Златанов.

Во Бугарија од вечерва се забранува влез на автомобили со руски регистерски таблички

Во Бугарија од вечерва почнува забраната за влез во државата на автомобили со руски...

Премиерот Орбан додаде дека ќе се докаже дека Унгарија била во право за војната во Украина и дека Западот не успеал мирно да ја процени ситуацијата на теренот.

Орбан: Западот сака да ја глобализира војната во Украина

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Западот сака да ја глобализира...

Лидерот на шпанските конзервативци, Алберто Нуњес Феихо, ќе ја има својата шанса да формира нова влада оваа недела - нешто што претходно се сметаше дека е осудено на неуспех со оглед на недостигот на парламентарна поддршка.

Зошто лидерот на шпанските конзервативци е далеку од премиерската функција без разлика на неговиот успех на изборите.

Лидерот на шпанските конзервативци, Алберто Нуњес Феихо, ќе ја има својата шанса да...