Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски изрази благодарност кон Владата и претседателот Заев за поддршката при инвестирањето во енергетиката и посветеноста на проектите во енергетскиот сектор.

Објавил: Рејхан Бајрами | 19 декември, 2020 15:02

ПВРСМ ЗАЕВ И ДИРЕКТОРОТ НА АД ЕСМ, КОВАЧЕВСКИ ГИ ПРОМОВИРАА НОВИТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ НА РЕК БИТОЛА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ПВРСМ Зоран Заев и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денес промовираa шест нови еко-автобуси на природен гас-метан наменети за превоз на работниците на РЕК Битола. Инвестицијата вредна 1,4 милиони евра е финасирана со сопствени средства на АД ЕСМ и претставува реализирање на определба поместена во програмата на Владата.

Набавката на новите автобуси на природен гас е исполнување на ветувањето на Владата и ЕСМ за подобрување на условите за работа во комбинатот, за намалување на трошоците за работа и заштита на животната средина, нагласи премиерот Заев на настанот.

Со набавката на новите, еколошки автобуси се зголемува безбедноста и квалитетот на превозот на работниците од РЕК Битола кои работат во исклучително тешки услови.
Од еколошки аспект, автобусите кои до сега ги превезуваа работниците не ги исполнуваат ниту минималните еколошки стандард за разлика од новите, еколошки превозни средства.

Што се однесува до РЕК Битола, во изминатите три години направени се капитални ремонти на секој од трите блока на Термоелектраната. Почнувајќи од 2018 година со Блок 1, продолжувајќи во 2019 година со Блок 2 и завршувајќи годинава со капитален ремонт на Блок 3, АД ЕСМ и РЕК Битола ги направија неопходните зафати со цел зголемување на ефикасноста на постројките.

Со овие зафати покажуваме дека нашите заложби за чиста животна средина и намалување на емисијата на гасови, не се само празни ветувања туку се спроведуваат во пракса. Тоа не беше случај претходно. И покрај конкретните препораки дадени во 2010 и 2011 кога последно се модернизираа Блоковите 2 и 3, ремонтот да се направи не подоцна од 6 години, Владата тогаш предводена од ВМРО-ДПМНЕ, не го направи тоа. Затоа, капиталните ремонти на трите блока во РЕК Битола беа еден од приоритетите на ЕСМ и РЕК со целосна поддршка од Владата и истите беа изведени согласно претходно наведената динамика“ – изјави премиерот Заев.

ПВРСМ ЗАЕВ И ДИРЕКТОРОТ НА АД ЕСМ, КОВАЧЕВСКИ ГИ ПРОМОВИРАА НОВИТЕ ЕКОЛОШКИ АВТОБУСИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ НА РЕК БИТОЛА!

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски изрази благодарност кон Владата и претседателот Заев за поддршката при инвестирањето во енергетиката и посветеноста на проектите во енергетскиот сектор.

Нашата определба е сите нови инвестиции, во било кој сегмент од АД ЕСМ, да бидат во правец на трендовите кои значат определба да живееме и работиме во знакот на зелената боја, а согласно тоа-и да се движиме на зелено. Овие 6 еко автобуси, кои користат природен гас-метан и кои не произведуваат загадувачки издувни гасови, ја покажуваат нашата определба кон извори на енергија, инвестиции, возила итн.-кои се’ помалку ќе загадуваат, и кои ќе не движат кон се’ почиста, па и целосно чиста средина во следните години и децении, како поставена цел во светски рамки и тренд кој е веќе трасиран.

АД ЕСМ и вчера помогна на Битола. Со 3 милиони денари кои ги заштедивме со неизработка на новгодишен рекламен материјал годинава, обезбедивме довод за кислород во модуларните болници во Битола и во Кичево. И тоа ќе продолжиме да го правиме и во иднина“ – рече Ковачевски.

Новите еко автобуси, во периодите кога нема да превезуваат работници на РЕК Битола, согласно можностите и законската регулатива ќе бидат ставени на располагање за превоз на ученици, студенти, пензионери, членови на спортски клубови, на здруженија и на невладини организации од општините Битола, Новаци и Могила како општини и населени места кои се најблиску до комбинатот. #EcoBus

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ескалираше ситуацијата на протестот против бугарскиот предлог кој се одвива трет ден по ред пред Владата.

Граѓани кои излегоа да го изразат својот револт ја пробија заштитната ограда и со предмети фрлаат кон Влдата.

Ламбе го запали францускиот предлог: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка

Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, кажа пејачот Ламбе...

Владата попладнево го објави на македонски јазик предлогот на француското претседателство за надминување на спорот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ.

Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Верзијата на англиски јазик, пак, беше објавена во петокот (1 јули), а оттогаш започнаа...

Нека го тргнат ова, нека ги тргнат овие 4 точки. Да биде европски патот, исто како за Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија кога стануваа членки. Не го тргнат ова, нека ги остават Копенхагеншките критериуми и нека ни ги остават критериумите кои се поврзани со процесот за стабилизација и асоцијација. Чуму потребата овој мал народ да се асимилира, кому му сметаме ние?

Мицкоски: Продолжуваме со протестите додека не се тргнат деловите од предлогот кои го асимилираат македонскиот народ

Имавме речиси едночасовна средба со премиерот Ковачевски. Средбата би рекол беше од...