Најново метео

Објавил: Владо Марин | 15 јули, 2021 10:44

ПЕКОЛНИТЕ ГОРЕШТИНИ ПРОДОЛЖУВААТ И ПОНАТАМУ – СЕПАК ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ РАСТАТ УСЛОВИТЕ ЗА НЕСТАБИЛНОСТ И ЗА НЕВРЕМЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес попладне ќе има услови за сосема ретка појава на нестабилност, додека во петок и сабота во попладневните и вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста и за појава на локално НЕВРЕМЕ проследено со пороен дожд, силни електични празнења, силен ветер и со појава на град.

Во недела на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, додека локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, а нестабилното време ќе се задржи и во почетокот на следната недела.

Температурите на воздухот нема многу да се менуваат, што значи дека топлотниот бран со потекло од југ (северните предели на Африка) ќе се задржи и во следните денови кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, додека во централните предели истите се очекува да се искачат до 40 степени.

Пад на температурите за неколку степени се очекува од недела, како и во почетокот од следната недела.

УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).

Слично време ќе имаме и во Скопје и околината, со услови за локална нестабилно од петок и за време на викендот проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а не се исклучува можноста и за појава на НЕВРЕМЕ во делови од котлината, и тоа сето тоа во попладневните часови и навечер. Температурите ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 38 до 40 степени, додека пад на истите за неколку степени се очекува за време на викенодт и во почетокот на следната недела.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време