До средината на неделата претежно во попладневните часови понекаде ќе има појава на изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за појава на град, соопшти УХМР.

Објавил: Валерија Петрова | 12 јуни, 2019 12:57

Пекол во Македонија -од утре експремни температри

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Пеколните температури доаѓаат во Македонија. Метеролзите најавија температури и до 39 степени.

Топлото и спарно време со температури до 39 степени ќе се задржи во земјава до крајот на неделава. Најтопло ќе биде ќе биде од четврток до недела.
Најниските утрински температури, пак, ќе бидат околу 12 степени.

До средината на неделата претежно во попладневните часови понекаде ќе има појава на изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за појава на град, соопшти УХМР.

Пеколно лето предвидува и Акуведер за ова лето во Европа. Во својот извештај наведуваат дека подрачјата на долготрајни жештини ќе се протегаат од Португалија, Шпанија од Полска и Унгарија.

Жештината ќе биде подолготрајна од минатото лето кога рекордните температури беа измерени во деловите на Португалија, Белгија, Холандија, Германија и Скандинавија, но генерално траеа околу недела дена – напишал Ерик Листер, еден од главните метеролози во Акуведер.

Тој наведе дека температурите над 38 степени можат да се очекуваат на северниот дел Франција, Белгија, Холандија, кон Полска, Словенија и Унгарија.

Температурите над 40 степени би можеле да се очекуваат во источните и јужните делови на Франција и тоа во јули и август, а најлошо ќе биде во Португалија и Шпанија, каде по неколку дена по ред температурата може да биде од 43 степени и повеќе. Сепак жештините нема да ја зафат цела Европа.

Не би требало да бидат така брутални на Балканот, но од Грција па се до Србија и Романија на северот, Бугарија на истокот, се предвидуваат невремиња со грмотевици.

Тука невремињата ќе донесат бројни громови, поплави и разорни ветрови со град. Најсилните невремиња ќе бидат во состојба да создадат торнада – рекол Ројс.

Атмосферското пореметување како последица на тие жешки олуји, може да се очекува во долж на Медитеранот, и по деловите на источна Европа и Русија.

Тоа би требало да значи тоа што се гледа и на генералната прогнозна карта за ова лето, односно дека од западот кон истокот, во Шкотска ќе биде нормално времето во Ирска и Велика Британија можна е суша, на Пиринејскиот полуостров жештини и пожари, во Франција жештини насекаде.

Се прогнозира дека и по Италија и западниот Медитеран се очекуваат просечни температури, а од Ирак, Сирија, преку Турција, Грција, Македонија, Србија и БиХ жестоки невремиња.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Доцна попладне во Дебар имаше невреме проследено со пороен дожд, грмежи и појава на град, се наведува во временската прогноза од УХМР.

МАКЕДОНИЈА ПОТОПЕНА ОД ДОЖД- Измерени рекорден број на врнежи!

Подрачјето на Струмица и Берово денеска беа зафатени од нестабилна воздушна маса,...

Во текот на новата недела исто така на некои места се очекува да падне значително количество на воден талог со што има услови и за локални поплавувања.

ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Се очекува силно невреме!

Македонија од денес па натаму влегува во ЖОЛТА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА поради големото...

Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат во незначително опаѓање што значи топлото време со летни температури и понатаму продолжува.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во Крива Паланка најавено ново невреме со обилни дождови, грмежи и град!

Утре попладне нестабилно време во Македонија. Нестабилно време ќе биде проследено...