Пендаровски на средбата со Макрон ќе има можност директно од него да ги слушне ставовите на Франција за проширувањето и за новата методологија на преговарање.

Објавил: Валерија Петрова | 12 ноември, 2019 10:42

Пендаровски агрументите ќе ги стави пред Макрон – ќе успее ли нашиот претседател да ја убеди Франција дека згреши во одлуката?

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Стево Пендаровски денеска ќе има средба со шефот на француската држава Емануел Макрон.

Пендаровски на средбата со Макрон ќе има можност директно од него да ги слушне ставовите на Франција за проширувањето и за новата методологија на преговарање.

Тој минатата недела изјави дека средбата со Макрон е добра можност да се изложат аргументите на двете страни и да ги слушнат мотивите на францускиот претседател. Посочи и оти ние како земја немаме никаква резерва спрема најавената нова методологија.

Пендаровски исто така рече дека во наредниот период треба да добиеме посилен сигнал дали наскоро ќе може да се измени крајно неповолниот исход на последниот европски самит, пред сè Франција, која беше против почеток на пристапните преговори со Македонија и со Албанија.

Шефот на државата оцени да не се оди со преголеми очекувања од средбата, бидејќи, како што рече, иако сме мала држава и имаме силни аргументи, сепак ниту Америка, ниту Германија, никој никогаш не може да го убедува претседателот на Франција.

Париз инсистира на претходни внатрешни реформи во ЕУ и промена на методологијата за прием на нови земји членки.

Минатата седмица, францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние на новинарско прашање за очекувањата од средбата меѓу претседателот Пендаровски и шефот на француската држава Макрон во Париз и дали тоа ќе придонесе за поголема динамика во македонско-француските односи, не сакаше да даде коментар.

– Во сè она што е комуникација околу таа официјална посета, сепак би ве упатил на претседателството на Републиката, затоа што сметам дека не би било куртоазно од моја страна однапред да говорам за тоа, вели Тимоние.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Во 2016 година Иванов ги повлече сите амнестии и пратениците му дадоа можност на претседателот во рок од 30 дена од денот на донесувањето на законот да го поништи помилувањето без претходна постапка.

СОБРАНИЕТО ИМА ЕДЕН МЕСЕЦ ДА ОДЛУЧИ: По одлуката на Уставниот суд, можно ли е сите обвинети во случаите на СЈО да бидат ослободени?

Уставниот суд ќе расправа за амнестијата на Ѓорѓе Иванов. Инцијативата за преиспитување...

Тој рече дека јавно го повикува поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да се врати и да си ја отслужи казната, на прашањето на потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски дали партијата се залага нивниот поранешен претседател Никола Груевски да се врати во Македонија.

Јанушев: Јавно го повикувам Груевски да се врати и да ја отслужи затворската казна

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски во вечерашното гостување во 24 анализа дебатираше...