„Да ги надминеме историските поделби и непотребните политички конфронтации, да ги здружиме сите наши знамиња и симболи.

Објавил: Сара Фемина | 2 август, 2019 12:33

ПЕНДАРОВСКИ: „Ако вложиме во европска иднина, ќе имаме образ да излеземе пред нашите деца и внуци„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Карактерот на еден народ се вреднува според предизвиците со кои има храброст да се соочи. Најголемиот предизвик за нас денес е граѓанското помирување, рече денеска претседателот Стево Пендаровски, во обраќањето по повод одбележувањето на Илинден, во претседателската резиденција на Водно.

Претседателот Стево Пендаровски, во обраќањето по повод одбележувањето на Илинден, во претседателската резиденција на Водно, рече дека само правдата и одговорноста ќе ни ја врати меѓусебната доверба и заедно да изградиме праведно општество, во кое сите ќе се вреднуваат еднакво.

Патот до помирувањето води преку правдата втемелена врз вистина. А за вистинска правда е потребно владеење на правото. Тоа мора да биде нашата темелна вредност со која не смее да се прави компромис, истакна Пендаровски.

„Да ги надминеме историските поделби и непотребните политички конфронтации, да ги здружиме сите наши знамиња и симболи. Да се обединиме во еден единствен фронт за реализација на нашата заедничка цел – трансформација на Северна Македонија во напредна европска држава, членка на НАТО и на ЕУ“, рече претседателот.

Пендаровски рече дека мора да бидеме свесни дека еден ден ќе се соочиме со наредната генерација.

„Ако се помириме и заеднички вложиме во нашата европска иднина, тогаш ќе имаме образ да излеземе пред нашите деца и внуци и да кажеме – ние го продолживме делото на нашите предци и го изодевме нашиот дел од патот. Сега е редот на вас“, нагласи претседателот..

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести