Бигорскиот манастир преживеал прогони, пожари и војни, надживеал империи, држави и идеологии.

Објавил: Стојче Бушин | 18 октомври, 2020 12:43

Пендаровски: Бигорскиот манастир претставува духовно засолниште од бурите на животот

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Македонското светилиште, манастирот „Свети Јован Бигорски“ денес ја одржува централната прослава по повод јубилејот 1.000 години постоење, која започна со Божествена Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Архиепископот на МПЦ, г.г Стефан.

По пречекот на претседателот Стево Пендаровски,кој е покровител на прославата и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, од Епископот Антаниски г. Партениј и традицинална мијачка гарда, беше отслужена Божествена архијерејска Литургија, со која чиноначалствуваше Архиепископот г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА.

Бигорскиот манастир преживеал прогони, пожари и војни, надживеал империи, држави и идеологии.
На моменти бил и затворан, но никогаш не бил заборавен.

По секоја несреќа, монасите, заедно со народот, го обновувале ова светилиште, достигнувајќи нови духовни и уметнички височини, прераснувајќи во извор на духовноста, писменоста и преродбата.

Денеска Бигорскиот манастир со централна прослава одбележа 1000 години од основањето.

За многу страдалници од различни генерации, држави и религии, Бигорскиот манастир претставува духовно засолниште од бурите на животот. Созидан од бигорскиот варовник и постојаните молитви.
Нека е честит големиот јубилеј – 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир, рече Пендаросвски!

На г. г.Стефан му беше врачено највисокото милениумско признане на Бигорскиот манастир-лента со ѕвезда со ликот на чесниот Претеча.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

ПРАВДА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ и СЛОБОДА ЗА МАКЕДОНИЈА е можна само со рушење на марионетската влада на Зоран Заев! Како што војна не се добива со една битка, ниту влада се руши со еден протест! Ако не’ нема, како и да сме без мака.

ЈАВЕН АПЕЛ ЗА МАСОВЕН СЕМАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ПРОТЕСТ НА 29 МАЈ!

МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ И ТАТКОВИНАТА 18.30 Собир пред Влада, од 19.30 Марш до Собрание! Почитувани...

Во пресрет на денешниот големиот празник Рамазан Бајрам екипите на ЈП „Комунална хигиена“ извршија рачно и машинско миење на дворовите на поголемите исламски верски објекти во Скопје.

ИСЧИСТЕНИ ДВОРОВИТЕ НА ПОГОЛЕМИТЕ ИСЛАМСКИ ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО СКОПЈЕ

ИСЧИСТЕНИ ДВОРОВИТЕ НА ПОГОЛЕМИТЕ ИСЛАМСКИ ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ВО СКОПЈЕ Во пресрет на...

Нашите барања за обновување на постапката со нови клучни докази и сведоци мора да биде прифатена, или ќе падне одлука за обновена постапка за политичките прогонувани патриоти, или ќе падне Владата, протестите во една или друга форма ќе продолжат се до конечно остварување на целта . Семакедонскиот протест започнува со собирање на учесниците пред Владата од 11 часот.

Нов протест за ослободување на осудените за нападот во Собранието најави Боби Темелков: Обновување на постапката или ќе падне Владата!

Иницијаторот и еден од организаторите на протестот за слобода на осудените за нападот...

Ова значи дека од ноќеска на полноќ малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 68,50 денари, Еуросупер БС-98 ќе чини 70 денари, додека Еуродизел ќе се точи за 60 денари по литар гориво.

Од полноќ поскапуваат горивата

РКЕ со својата најнова одлука ќе изврши зголемување на цените на нафтените деривати...