Поради состојбата со пандемијата од Ковид-19, а имајќи ја предвид неговата возраст, орденот на Стојан Андов му беше врачен од страна на претседателот Пендаровски во неговиот дом, а на денешната церемонија беше прикажан видео материјал од овој чин.

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 септември, 2021 14:55

Пендаровски ги одликува Андов и пратениците од првото собрание со Орден „8 Септември“

Фото/Текст извор: ©канал 5

Пендаровски ги одликува Стојан Андов и пратениците од првото повеќепартиско собрание со Орден „8 Септември”.

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 8 Септември, Денот на независноста, ги одликуваше Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско собрание и пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година, со Орден „8 Септември”.

Стојан Андов се одликува со Орден „8 Септември” за неговото политичко делување како прв претседател на првото повеќепартиско собрание при што остави неизбришлив белег во процесот на градење на македонската парламентарна демократија, како и за неговиот значаен придонес кон донесување на неопходните државотворни акти и документи со кои јасно се трасираше патот за изградба на самостојна и независна држава.

Пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година се одликувани со Орден „8 Септември” за донесувањето на државотворните акти и документи кои јасно ја изразуваа вековната желба на македонскиот народ и на останатите етникуми за изградба на самостојна држава притоа уважувајќи ги сите граѓани без разлика на етничката или верската припадност, како и за изборот на првиот претседател и првата Влада, за распишувањето на референдум за независност и за усвојувањето на првиот устав, химна и знаме со што се удрија темелите на независна и суверена македонска држава.

Орденот „8 Септември” во името на пратениците во мандатниот период од 1990 до 1994 година го примија Никола Стојановски, првиот претседавач со конститутивната седница на првото повеќепартиско собрание и Фадил Зендели, потпретседател на Собранието на Македонија, на свечена церемонија во Кабинетот на Претседателот.

Поради состојбата со пандемијата од Ковид-19, а имајќи ја предвид неговата возраст, орденот на Стојан Андов му беше врачен од страна на претседателот Пендаровски во неговиот дом, а на денешната церемонија беше прикажан видео материјал од овој чин.

Во своето обраќање на церемонијата, претседателот Пендаровски оцени дека со донесувањето на Уставот, воведувањето на денарот како национална валута, усвојувањето на неколку битни системски закони, носењето на едногласната одлука за членство на нашата држава во НАТО и во Европската Унија, првиот повеќепартиски пратенички состав не само што ги постави основите за изградба на нов правен, политички и економски систем, туку го започна и процесот на демократска консолидација на младата држава.

Немам ниту најмала намера да ги идеализирам тие рани транзициски години. Меѓутоа, сите грешки и пропусти што се нормални за секоја млада демократија, не можат да го намалат значењето на вашата генерација политичари и пратеници. Затоа, овој голем јубилеј со кој денес се гордееме сите, посебно ви припаѓа вам и на вашите колеги од собраниските клупи кои повеќе не се меѓу нас. Многу повеќе од многумина други, вие сте заслужни за тоа што имаме независна држава. Денес сме тука собрани, во името на сите македонски граѓани, да ја изразиме нашата искрена и длабока благодарност и почит кон вас”, рече претседателот Пендаровски.

Верувам дека освен со Орденот „8 Септември” нашата благодарност кон првиот пратенички состав можеме да ја искажеме и на еден многу посуштествен начин. А тоа е ако го следиме вашиот пример и преку политичко и граѓанско помирување, одново постигнеме единство околу најважните прашања за иднината на Македонија. Ова е неопходно за да покажеме политичка зрелост каква што доликува на држава-членка на НАТО, која чека датум за почеток на преговори за членство во Европската Унија. Но, уште поважно, ова од нас, актуелната генерација политичари го очекуваат македонските граѓани за чии што интереси сигурно не работиме ако во политичката арена, приоритет ни се само нашите лични и партиски интереси, наместо националните и државните”, рече претседателот Пендаровски на свечената церемонија одржана во Кабинетот на Претседателот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

На 23 септември во Кинотеката ќе биде прикажан воениот филм „Црвениот призрак” на рускиот режисер Андреј Богатирјов , а на 25 септември во кафе-книжарницата „Буква“ Рускиот центар ќе организира квиз „Колку добро ја познаваш Русија?“, на кој победниците ќе добијат награди со руска симболика.

Денови на руски јазик и култура од 22 септември до 30 октомври

Од 22 септември до 30 октомври 2021 година ќе се одржуваат Денови на руски јазик и култура, наиницијатива...

Од таму велат дека Претседателот Пендаровски е крајно непријатно изненаден од квалификацијата на Мицкоски, според која, утрешното чествување на најголемиот македонски празник – Илинден, во Крушево ќе биде „циркуски церемонијал“.

Мицкоски – „Не се памети, години наназад дека некој наш политичар искажал толку длабоко непочитување“

Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски пристигна реакција по повод изјавата...

Премиерот Заев истакна дека Светскиот ден на животната средина се одбележува со активности кои имаат за цел да поттикнат постојана грижа и акции за чиста и здрава околина и секојдневие.

ЗАЕВ И ШИЛЕГОВ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

НАМАЛУВАЊЕТО НА ЗАГАДУВАЊЕТО Е РЕЗУЛТАТ НА ЗАЕДНИЧКА АКЦИЈА НА СИТЕ – ЗАЕВ И ШИЛЕГОВ...

Согласно последните макроекономски и фискални движења, додаде претседателот на Владата Заев, се очекува во 2021 година да се врати економскиот раст и да ги надмине шоковите од пандемијата.

Заев за пописот: Нема договори за бројките, секој да се попише и ќе бидеме толку колку што сме

„Обврска на граѓаните е да го прифатат и да учествуваат во  пописот и податоците...