Инаку на состанокот свикан од претседателот Пендаровски, присуствуваа претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, министрите за одбрана, за внатрешни работи и за надворешни работи Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и Бујар Османи.

Објавил: Катерина Крстиќ | 23 септември, 2020 18:41

Пендаровски: Гоце Делчев е македонски револуционер, но чест е што Бугарија го чувствува за свој херој

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска по состанокот на Советот за бебзедност, одговарајќи на новинарско прашање, претседателот на државата Стево Пендаровски посочи дека Гоце Делчев е македонски револуционер и треба да ни биде чест доколку некој друг народ го чувствува како свој херој, во овој случај Бугарија која постојано тврди дека тој е бугарин.

-Тој е македонски револуционер кој придонел многу за нас. Но, за оние кои тврдат дека тој се борел за Бугарија, тоа за мене не е спорно. Секој може да чувствува некого како свој херој. Нека го чествува кој сака, тоа може само на нас Македонците да ни прави полем мерак. Исто е и со Мајка Тереза, нема да се расправаме дали е Албанка или Македонка, рече Пендаровски во своето обраќање.

Инаку на состанокот свикан од претседателот Пендаровски, присуствуваа претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, министрите за одбрана, за внатрешни работи и за надворешни работи Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и Бујар Османи.

Присутни беа и советниците и универзитетски професори Гоце Трајановски, Ненад Марковиќ и Ветон Љатифи.

На состанокот покрај постојаните членови на покана на претседателот Пендаровски присуствуваа и директорите на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски и на Оперативно техничката агенција Зоран Ангеловски, како и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Тема на состанокот беше политичко безбедносната ситуација во земјата по пристапување во членство во НАТО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Другите закони се усогласувања со законот за прекршоци, каде се намалуваат глобите што е пак интерес на граѓаните.

СДСМ: На 32. седница на Собранието без ВМРО-ДПМНЕ донесовме важни закони

На 32. седница на Собранието парламентарното мнозинстви усвои важни закони за граѓаните...

Веста за моментално лошата состојба на Кајмакоски ни ја потврди и Васко Белески, човекот кој најголемиот дел од времето на X Faktor го помина токму со Даниел на поготовките во Белград.

Кајмакоски во лоша состојба: Итно пренесен во болница по сомнежот дека неговата екс сопруга му дала кафе од кое му се слошило

Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. На...

Додаде дека е важно што со тоа ништо не се крие од граѓаните и тие ќе знаат кој функционер на каков работен ручек бил, за каква цел се потрошени парите, а ограничувањата важат за сите функционери почнувајќи од премиерот.

Николовски: 1.500 денари ќе смее да потроши министер за работен ручек

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот,...