Бигорскиот манастир со својата жива духовна и културна мисија и ангажман е едно од нашите најголеми духовни светилишта, кое низ вековите, и денес, во континуитет претставува извор на писменост, на култура и уметност.

Објавил: Владо Марин | 15 октомври, 2020 15:21

Пендаровски го одликува Бигорскиот манастир со Орден за заслуги за државата

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Претседателот Стево Пендаровски денеска го одликува Бигорскиoт манастир „Свети Јован Крстител“ со Орден за заслуги за Република Македонија, за зачувувањето и за продолжувањето на илјадагодишната традиција и за придонес во негувањето на духовното и на културно-историското наследство, соопштија од претседателскиот кабинет.

По повод 1000 годишното постоење, Бигорски Манастир Св. Јован Крстител го одликував со Орден за заслуги за Република Македонија 🇲🇰 за зачувувањето и за продолжувањето на илјадагодишната традиција и за придонесот во негувањето на духовното и на културно-историското наследство, за грижата за уметничките реткости и за постојаните социјални и хуманитарни активности, изјави Пендаровски!

Бигорскиот манастир со својата жива духовна и културна мисија и ангажман е едно од нашите најголеми духовни светилишта, кое низ вековите, и денес, во континуитет претставува извор на писменост, на култура и уметност, рече тој!

Според Бигорскиот поменик, манастирот бил основан од страна на монахот Јован во 1020 година, а во XVI век манастирот бил разрушен од страна на отоманската власт и од целиот комплекс останал само како мала црква. Од помениците исто така се дознава дека манастирот бил повторно обновен во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион кој бил и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани