Според него, засега нема консензус за влез на Бугарите во Уставот.

Објавил: Сара Фемина | 3 јули, 2022 15:23

Пендаровски го прифаќа францускиот предлог

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шефот на државата, Стево Пендаровски кажа дека предлогот од Франција за него е прифатлив. Според него, тој е транзиционен и не го поткопува македонскиот идентитет.

„Предлогот се сведува на едно барање, да се внесат Бугарите во Уставот. Не верувам дека ова е судбинска дилема.

Мојот став е дека со одлукта да го прифатиме предлогот е само за да ги отвориме преговорите. Одлуката да го прифатиме францускиот предлог нема да биде историски триумф или историски дебакл. Според мене ова е транзиционен процес. Предлогот за мене во оваа фаза е прифатлив”, кажа Пендаровски.

Според него, засега нема консензус за влез на Бугарите во Уставот.

„Убеден сум дека не сме можеле да добиеме повеќе. Не тврдам дека преговорите во изминативе две години не можло да де добие нешто поквалитетно, ама немало да има суштина туку детали”, додаде тој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести