Македонија
Вести
Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан и сите православни верници, и до Претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев и припадниците на Евангелско – методистичката црква во државата.
„Посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје, исполнети со среќа, радост и љубов. Велигден како празник на надежта ги исполнува срцата со топлина, а мислите со оптимизам и верба. Да шириме љубов и добра мисла и да му се радуваме на животот.
Нека постојано со нас биде присутна дарежливоста, добродушноста и искреноста. Како што Христијанството би било празно без христовото воскресение така би биле празни и нашите животи без љубов, сочувство, морал, споделување и благодарност.
После повеќе од една година живот во пандемија која го загрозува здравјето и предизвикува економска пустош се наѕира крај на голготата со која се соочува целото човештво. До завршувањето со имунизацијата да бидеме совесни и одговорни”, се вели во честитката од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.