недела, 8 декември 2019

MK/ EN/ DE



Пендаровски за МИА, посочи дека во прашање е легитимитетот и кредибилитетот на ЕУ, бидејќи и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск вчера изјави дека Македонија своето го направи, а останатото е на ЕУ.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 јуни, 2019 17:02

Пендаровски: Датум за преговори ќе има,ние сме најстабилната држава на Балканот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски во интервју за МИА, истакна дека најважно е граѓаните на нашата држава да знаат дека доколку не добиеме датум за преговори за влез во ЕУ, до крајот на овој месец или наредниот, а го добиеме на есен, главната причина за тоа ќе биде тоа што не сме подготвени, што потврдуваат и во ЕУ.

Стево Пендаровски роден на 3 април 1963, во Скопје — македонски политичар, професор и аналитичар.

Нема ниедна земја членка која вели дека Македонија треба да заврши други работи, организиран криминал, корупција, реформи во медиуми, администрација, дури ни законот за СЈО не го споменуваат како услов. Сите велат сѐ направивте. Би било поради внатрешната политичка динамика на некои земји и поради распоредот на работа, истакнува Пендаровски.

Пендаровски за МИА, посочи дека во прашање е легитимитетот и кредибилитетот на ЕУ, бидејќи и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск вчера изјави дека Македонија своето го направи, а останатото е на ЕУ.

Ние сме политички најстабилната држава на Западниот Балкан. Внатре во Македонија, нема ризици. Затоа што албанскиот политички фактор е интегриран и во Владата и во институциите. Ниту албанската ниту македонската опозиција не се надвор од институциите, мое предвидување е дека нема да прават проблеми зашто не сме добиле сега, оценува Пендаровски.

Според Пендаровски ќе нема ниту безбедносни тензии, но можно е зголемување на евроскептицизмот. Тој вели дека можно е да не кочат изборите во Грција кои се закажани за 7јули, но и соседна Бугарија која изминативе недели во однос на Договорот со Бугарија има низа забелешки.

Има избори во Грција на седми јули, сегашната грчка опозиција има потврди ставови кон Преспанскиот договор, од нивен аспект. Има најави дека ќе го почитуваат договорот, но ќе бидат поригидни во имплементирањето. Може да добиеме потврд став, преведено значи дека можеме да добиеме блокада во ЕУ за некој аспект од Преспанскиот договор. Од изминативе неколку недели веќе се случува едно повидливо присуство на забелешки од Бугарија во однос на Договорот со Бугарија. Бараат брзи резултати од комисијата на историчари, сакаат да работи побрзо и да има ефект, вели меѓу другото шефот на државата во интервјуто за МИА

 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

„Прв пат ги слушам. Не беа на хард дисковите што ни беа доставени. Обвинителството ќе ги истражува снимките, но и тоа кој ги објавил на Јутјуб“, рече Рускоска.

РУСКОСКА: Прв пат ги слушам снимките – Обвинителството ќе ги истражува и тоа кој ги објавил на Јутјуб

На јутјуб вчера се појавија снимки на кои се слуша како глас кој наликува на познатиот...

Од МВР порачуваат дека активностите во борбата против тешки кривични дела со елементи на насилство ќе продолжат и во иднина, со поголем интензитет и зајакнати мерки.

МВР денеска апсеше во Арачиново и Грчец: Уапсени 12 лица, дел од нив поврзани со нападот на „Александар Палас“

Во рамки на акцијата биле извршени претреси на 34 локации во Ѓорче Петров, Грчец, Ченто,...

Ивана и Жарко беа во врска четири години пред да направат голема свадбена свеченост, во јуни 2014 година. Пред да стапат во брак веќе имаа две деца, Ена и Лука.

Сопругата на Жарко Луковски стави крај на невистините: Таа ја открива причината за неговата смрт!

Смртта на Жарко Луковски, поранешен главен извршен директор на Т-Мобиле, кој почина...


Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial