Живот
Настани
Наспроти бугарското вето, никој да нема никаква дилема: Македонија ќе продолжи кон #ЕУ, затоа што сме убедени дека само преку процесите на европеизација можеме да станеме реална и просперитетна демократија во релативно краток временски период, рече во годишното обраќање претседателот Пендаровски!
Нема да прифатиме никаква резервна варијанта, а, ќе учествуваме во сите регионални и континентални иницијативи само ако тие се комплементарни, и не претставуваат замена за членството во Унијата.
Членството во ниту една меѓународна организација не е вредно ако од вас бараат да се обезличите. За таквиот предлог дури нема потреба да се распишува референдум – затоа што резултатот ќе биде однапред познат.
Длабоко сум убеден дека ниту еден од денешната генерација политичари нема право да се договара или преговара за идентитетските прашања, и денес и во иднина, затоа што нашите црвени линии одамна ги имаат утврдено оние кои ја направија оваа држава во 1944-та година, рече претседателот Пендаровски!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Настани
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.