Да се заштитиме себеси и здравјето на нашите ближни, рече Заев!

Објавил: Перо Милчин | 9 јануари, 2021 22:50

Пендаровски, Заев и Џафери на прием кај поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на покана на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, присуствуваше на приемот, што се приредува редовно по повод божиќните празници и неговиот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан.

Заев заедно со Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски и Претседателот на Собранието, Талат Џафери, присуствуваа на традиционалниот божикен прием, кој архиепископот Г.Г. Стефан го приредува секоја година по повод божикните празници и именденот на Архиепископот.

Во мое лично име и во името на Владата на Р. Македонија, на Архиепискотот, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во нашата земја, го честитам големиот христијански празник Рождество Христово – Божик.

Во духот на празникот на радоста и надежта, кој годинава го чествуваме во посебни услови поради пандемијата на КОВИД-19, овие денови да покажеме одговорност кон себе, кон своето семејство и кон државата, да ги почитуваме препораките за физичко растојание и за носење заштитна опрема.

Да се заштитиме себеси и здравјето на нашите ближни, рече Заев!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

- Пред неколку денови веќе започнаа градежните активности за реконструкција на кејот „13 Ноември“, таму е предвидено целосно преуредување на партерот, во оваа фаза се врши отстранување на терасите од страна на локалите коишто таму беа поставени во минатото.

ШИЛЕГОВ: СКОПЈАНИ ЌЕ ДОБИЈАТ ОСЛОБОДЕН ЈАВЕН ПРОСТОР НА КЕЈОТ „13 НОЕМВРИ“

Градоначалникот Шилегов денеска одговарајќи на советничко прашање детално го објасни...

Доколку Заев има барем малку разум, после денешниот масовен одзив на граѓаните против пописот тој ќе го прекине процесот.

Илјадници граѓани се потпишаа против фалсификат пописот на Заев

Илјадници скопјани се потпишаа против фалсификат пописот на Заев. Илјадници скопјани...

Новата сала со површина од 1300 м2 комплетно опремена со спортска опрема и реквизити, санитарни јазли, соблекувални со туш кабини е современ простор за изведување на наставата по физичко, за правилен развој на децата и за поттикнување на нивните први спортски интереси.

Заев од Стримица: Вложувањето во физичката култура и во спортот ќе даде уште поголеми резултати

Премиерот Зоран Заев заедно со министерката за образование и наука Мила Царовска и...

Според Холштајн, заедничкото менаџирање со мигрантските текови во Европа е исклучително важно за постигнување успеси во овој сегмент!

Предадена донација од возила и опрема во вредност од 660.000 евра за Граничната полиција

Ми причинува особено задоволство што денеска заедно со амбасадорката на Сојузна...