Многу човечки животи се спасени заради неговите интервенции, вели Пендаровски

Објавил: Калина Мартинска | 21 април, 2024 16:31

Пендаровски за Филипче: Да ти е мерак да гласаш за него

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Претседателскиот кандидат Пендаровски упати пофални зборови за носителот на листата во ИЕ 4,Венко Филипче, во Радовиш.

„Многу човечки животи се спасени заради неговите интервенции, неговите дијагнози, неговите операции. Просто кажано, станува збор за човек кој ти е мерак да го гласаш” рече Пендаровски.

Тој зборуваше “за неговата големина како човек и достапност во кое било време”, но и за неговата професионалност. За неговиот противкандидат во ИЕ 4, Николоски рече дека „целиот свој живот нема еден ден работен стаж“

„Немав намера да трошам зборови за неговиот противкандидат, нашиот, вашиот противкандидат во оваа изборна единица кој целиот свој живот бил на државни јасли или на партиски јасли. Нема еден ден работен стаж надвор од тоа. Партијата му давала работа, партијата му давала плата. Ако не е партијата, не може да заработи за леб“ – рече Пендаровски.

Од другата страна, истакна дека Венко Филип како реномиран хирург е сосем различен.

„Филипче сега да посака може да биде хирург каде сака во светот и за еден месец да заработи повеќе од годишна плата и на пратеник и на министер и на претседател “– рече Пендаровски во Радовиш.

Види и ова:

Хирургот Филипче откога ги реши проблемите со Специјализантите, се зафати и со струјата?!

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.