Беа засадени 30-ина садници кои ги обезбеди локалната власт додека големото пошумување ќе се случи на 9 ноември, Денот на Општина Велес.

Објавил: Перо Милчин | 23 септември, 2019 16:55

ПЕНДАРОВСКИ ЗЕДЕ ЛОПАТА ВО РАЦЕ: Засади јапонски кедар на опожарената површина околу езерото Младост!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот Стево Пендаровски засади садници јапонски кедар на опожарената површина околу велешкото езеро Младост.

Она што природата го негувала повеќе од 30 години, изгоре за неколку дена. Сега, сите ние треба да и возвратиме на природата со иста мера и поскоро да ја надоместиме штетата. Денеска симболично засадивме неколку садници, а припадниците на армијата веќе го расчистуваат теренот. Да помогнеме „белите дробови“ на Велес повторно да придонесуваат за здрава животна средина, напиша на социјалните мрежи претседателот Стево Пендаровски.

Храбрите велешки пожарникари денеска ме информираа дека за жал работат во неповолни услови. Од нивната подготвеност зависи нашето општество, а ракуваат со возила постари и од 50 години.

Денес беа засадени 30-ина садници кои ги обезбеди локалната власт додека големото пошумување ќе се случи на 9 ноември, Денот на Општина Велес. Денеска на терен беа и војската и вработени во ЈКП „Дервен“, кои ги сечеа изгорените дрвја.

„Запрепастен сум од ова што го видов на самото место. Едно се новинарските извештаи, снимки кои ги гледаме дома, седејќи пред телевизорот. 4.509 уништени хектари за само едно пладне и попладне е многу. Јас како врховен командант на армијата дадов согласност да се користат и авионите, хеликоптерите и војската во гаснењето на огнот. Ве уверувам дека армиските ресурси беа употребувани до техничкиот максимум, не само во Велешко, туку и на сите пожари во земјава летоска“, изјави Пендаровски.

Денеска во Велес претседателот Пендаровски ги посети и пожарникарите кој го информирале дека работат во неповолни услови.

Храбрите велешки пожарникари денеска ме информираа дека за жал работат во неповолни услови. Од нивната подготвеност зависи нашето општество, а ракуваат со возила постари и од 50 години. Во недостиг на радиостаници, при интервенциите се координираат преку мобилен телефон. #ЛицевЛице со командирот Лепидовски и со пожарникарите се согласивме дека неопходна е итна инвестиција во човечки капитал и во нова опрема.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Сите овие монтирани случаи и местенки, вклучително и за ова што сега очајно се повторува, издишаа како балон, затоа што за измислици не може ниту да има докази – ни изјави Заев.

Вице Заев за Фокус: Ова се измислици- Ме потсетува на времето од РЕЖИМОТ, времето на јавен отстрел на семејства и монтирани случаи во судството

Струмичкиот бизнисмен Вице Заев, брат на лидерот на СДСМ и експремиер Зоран Заев, реагира...

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека Комисијата за заразни болести, по повод новите препораки на Светската здравствена организација за ширењето на корона вирус, кој веќе има епицентар во Вухан заклучи дека нема простор за паника.

Од утре превентивни мерки во Македонија од корона вирусот

Од утре ќе се превземат превентивни мерки за коронавирусот и ќе се скенираат со термална...

Рускоска тврди дека тогаш на распит биле повикани Зоран Заев и неговиот брат, Вице, но поради немање докази случајот во 2018 е затворен.

Случајот беше затворен поради немање докази- се огласи Рускоска по новата бомба од „ЛА ВЕРИТА“

По објавената снимка во италијанскиот весник Ла Верита, насловен “Купопродажба на...

Постоечката документација во Обвинителството за борба против организиран криминал во Скопје поседува извадоци од снимени разговори од кои може да се заклучи дека експремиерот Зоран Заев заедно со неговиот брат Вице Заев, зборувајќи отворено на телефон, управуваат со развиена мрежа за купување гласови базирана на пари и уцени, со цел добивање гласови, посебно од Ромите кои живеат во Струмица.

„Ла верита“: Зоран Заев плаќал по 10 евра за гласови

Откако вчера објави скандал насловен “Купопродажба на гласови во Македонија” денеска...