Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски изјави дека е почестен што годинава има можност и да се обрати на форумот.

Објавил: Сара Фемина | 24 август, 2019 14:32

ПЕНДАРОВСКИ: “Клучниот стратешки пробив во безбедноста на земјата е поканата за членство во НАТО”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски денеска во Охрид се обрати на дводневниот Безбедносен форум на поранешни студенти/алумни на Маршал Центарот.

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски изјави дека е почестен што годинава има можност и да се обрати на форумот.

Тој истакна дека перспективите на евро-атлантските интеграции продолжуваат да бидат клучен фактор за стабилноста и развојот на демократијата во регионот на Западен Балкан и денес.

„Обраќајќи ви се во својство на Претседател на Северна Македонија, особено сум заинтересиран, се разбира за предизвиците со кои нашата земја се соочува во современото безбедносно опкружување. Без сомнение, клучниот стратешки пробив во безбедноста кој ние го направивме е поканата за членство во НАТО која ја добивме во јули 2018 година.

Тој истакна дека перспективите на евро-атлантските интеграции продолжуваат да бидат клучен фактор за стабилноста и развојот на демократијата во регионот на Западен Балкан и денес.

Никогаш не треба да заборавиме дека оваа покана дојде по неколку децении одбележани со турбулентните 90-ти во кои регионот на поранешна Југославија се соочи со крвави етнички војни; по нашиот опасен конфликт од 2001 година, кој се закануваше дека може да ја фрли земјата во бездната на меѓуетничка војна; и по долгите години безизлезност и автократија кои само ја оддалечија државата од западните и од европски вредности и ја одложија нејзината интеграција во НАТО и ЕУ“, рече Пендаровски.

„Тероризмот, верскиот екстремизам, нелегалната миграција, сајбер нападите, а особено хибридните војни, нема да исчезнат. Свесни сме дека најефикасниот начин за справување со таканаречените нетрадиционални безбедносни закани кои се наоѓаат високо на агендата на НАТО, сега се и на нашата агенда, ние мораме заеднички да се соочиме со нив заедно.

Сите страни може да имаат само корист од нивниот придонес кон заедничките напори на Алијансата преку размена на информации и преку здружување на ресурсите на сите земји членки и на земјите партнери“, потенцираше Пендаровски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Според тоа што ни беше укажано од СОЗР тие процедурата ја спроведуваат на идентичен начин и правила кои според нивните кажувања важеле за сите поранешни претседатели.

Иванов остро и одговори на Антикорупциска: “МАНИПУЛИРАТЕ закупот е 1.950, а не 4.500 евра”

Бившиот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов реагираше на социјалните...