Претседателот Пендаровски најави дека ќе ги поддржи барањата на невладините организации за намалување на ингеренциите на претседателот.

Објавил: Сара Фемина | 22 мај, 2019 16:58

Пендаровски: “Кога ќе ми заврши мандатот нема да барам претседателска пензија и канцеларии„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Ново избраниот претседател Стево Пендаровски, на денешниот брифинг со новинари рече дека по завршувањето на мандатот нема да бара никаква претседателска пензија.

Претседателот Пендаровски на денешниот брифинг со новинарите, рече дека после завршувањето на претседателската функција нема да бара претседателска пензија, туку ќе се врати на работното место како професор.

Пендаровски рече исто така и дека нема да бара од Службата за општи и заеднички работи да му се одобрат средства за отворање на канцеларија.

„Немам намера да побарам канцеларија, туку просторија во Министерството за надворешни работи, каде ќе одржувам состаноци и средби како поранешен претседател. Нема да барам ни пензија, ќе се вратам на работното место професор”, рече Пендаровски.

Претседателот Пендаровски најави дека ќе ги поддржи барањата на невладините организации за намалување на ингеренциите на претседателот.

Според Законот за правата на претседателот на Република Македонија и неговото семејство по престанок на функцијата, тој има право на пензија чиј износ е еднаков со износот на платата што ја прима претседателот на државата, има право на канцелариски простор и најмногу три соработници. Има и право на лично обезбедување, како и право на користење службено возило и возач.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Апликацијата „Мој Воздух“ завчера покажа дека најголемо присуство на ПМ 10 честички има во населбата Ново Лисиче и кај Ректорат.

АЛАРМАНТНА СИТУАЦИЈА-МАКЕДОНИЈА СЕ ГУШИ: Ова се најзагадените градови

Воздухот во нашата земја и денеска е загаден, а според мерењата на прво место се наоѓа...

Благодарение на политиките на Владата предводена од СДСМ и програмата за едно општество за сите, денес сите заедно живееме и функционираме.

АНГЕЛОВ: СДСМ го отвори патот кон иднината, благодарение на нив сите заедно живееме и функционираме

„Нема поголем патриотизам и почит кон државата од она што се направи во изминатите...

Моменталната проценка води дека гледаме можност за Македонија да започне преговори со ЕУ, а таква можност не гледаме за Албанија.

ЖЕЖОК ШАМАР ЗА АЛБАНИЈА ОД ХОЛАНДИЈА: Македонија може да започне преговори со ЕУ, Албанија НЕ

Амбасадорот на Холандија во Скопје, Дирк Јан Коп изјави дека неговата земја моментално...