Тој прокоментира за трговската ознака, и вели дека ние треба да бидеме многу понастојчиви и политички, не само правно. Потсетува дека за тоа е формиран тим од експерти од двете страни, кој треба во рок од три години да донесе решение за ознаките за се што се извезува од нашите две држави во светот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 февруари, 2020 10:36

Пендаровски: На албанците името Македонија, идентитетот и јазикот македонски, не им значи!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на државата Стево Пендаровски вчера во интервју за емисијата Само вистина на телевизија Канал 5 на прашањето дали е можна ревизија на Преспанскиот договор, вели дека е можно, но не е реално.

Стево Пендаровски роден на 3 април 1963, во Скопје — македонски политичар, професор и аналитичар.

– Објективно во секоја идна Влада, како и досега, имате значаен албански партнер, на кои да не се лажеме, името Македонија, идентитетот и јазикот македонски, не им значи бидејќи тие не се Македонци и тие би сакале да бидат во обединета Европа. За нив тоа е примарна политичка цел, вели Пендаровски.

Тој прокоментира за трговската ознака, и вели дека ние треба да бидеме многу понастојчиви и политички, не само правно. Потсетува дека за тоа е формиран тим од експерти од двете страни, кој треба во рок од три години да донесе решение за ознаките за се што се извезува од нашите две држави во светот.

– Се додека тоа не се направи, вие не можете да го присвојувате тоа име, истакна претседателот Пендаровски.

Пендаровски рече дека новото име на државата го користи само во официјални прилики.

Во емисијата претседателот говореше и за судството во Македонија и посочи дека нема да има голем ефект доколку се сменат одредени судии и обвинители. Тој верува дека проблемот е далеку поголем.

Пендаровски не сакаше да го коментира случајот „Рекет“ бидејќи како што посочи процесот е во тек, само ја прокоментира презентацијата на снимките во случајот „Рекет“  од страна на обвинителката Вилма Русковска.

Обвинителката вели Јанева се упатила во правец кон резиденцијата на претседателот. Тоа е средината на август, јас тогаш таму не сум ни живеел. Тоа не е коректно. Тоа се сензивитни информации и не можете така непрецизно да шпекулирате, да велите се движи во правец таму и таму. Може да се движи и кон крстот на Водно, вели Пендаровски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ќе ја штитите, пак ќе ја ставате по тепих. Била од вашата партија, Не. не.. Нема тука ВМРО, СДСМ, има да ги санкционирате, како попчиња.

ЕФТОВ: Овие што се шетаа на скијање, низ Македонија ко црн петко ни го ширеа вирусот- Тоа е тероризам

Новинарот Васко Ефтов во својата нова емисија „Во Центар“ емитувана преку неговиот...

Екипите на Градот Скопје и јавните претпријатија веднаш излегоа на терен и ги расчистуваат паднатите гранки и дрвја.

Зимските служби на терен: Снегот собори 22 дрвја во Скопје, се санираат скршените гранки!

Поради обилните врнежи од снег во текот на изминатото деноноќие на територијата на...

Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска соопшти дека насилниците се веќе идентификувани и најави најстроги санкции.

ЗАТВОР ЗА НАСИЛНИЦИТЕ: Момчиња брутално претепуваат девојка во Штип и се снимаат (видео)

На социјалните мрежи денеска се појави вознемирувачко видео на кое две момчиња брутално...

Инфекцијата со КОВИД 19, како и секоја вирусна инфекција не се лечи со антибиотици. Обично вирусните инфекции се лечат симптоматски т.е. се дават лекови според клиничката слика и симптоматологија.

Доктор Чибишев: Не земајте лекови на своја рака- антибиотици не го лечат Коронавирусот!

Професорот  по интерна и ургентна медицина на Факултетот за медицински науки при...