Jас го пренесов мојот став и не ми е воопшто тешко тоа да го кажам сега и јавно, дека ако е тоа проблем, јас се сомневам дека тоа е причината дека јас зад помирувањето гледам амнестија за Заев и неговите, ако е тоа потребно, можам и јавно да кажам дека немам никаква намера и денес и во следните пет години да го амнестирам Зоран Заев ако направил криминал и кого било од неговите блиски соработници во партијата или во Владата ако направиле криминал. Тоа можам да го кажам и да се држам до тоа до крајот на мандатот – вели Пендаровски.

Објавил: Валерија Петрова | 21 јули, 2019 10:56

Пендаровски: Немам намера да го амнестирам Заев ако направил криминал

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Слободна Европа зборуваше за тоа дека се залага за помирување, а на забелешките на ВМРО-ДПМНЕ дека помирувањето го сфаќа како амнестија за премиерот Заев и неговите, вели дека нема намера да го амнестира Заев или неговите блиски, ако сториле криминал.

 

Jас го пренесов мојот став и не ми е воопшто тешко тоа да го кажам сега и јавно, дека ако е тоа проблем, јас се сомневам дека тоа е причината дека јас зад помирувањето гледам амнестија за Заев и неговите, ако е тоа потребно, можам и јавно да кажам дека немам никаква намера и денес и во следните пет години да го амнестирам Зоран Заев ако направил криминал и кого било од неговите блиски соработници во партијата или во Владата ако направиле криминал. Тоа можам да го кажам и да се држам до тоа до крајот на мандатот – вели Пендаровски.

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Слободна Европа вели дека се залага за помирување

Пендаровски вели и дека со изјавата за Гоце Делчев ја засилил македонската преговарачка позиција.

Исто така беше прашан дали е можна варијанта на условен датум за преговори, тој одговори дека одложувањето се случило од технички причини, не сака да зборува за нови одлжувања, додаде дека технички причини се можни во правна и во политичка смисла, но не и одложен датум.

Во интервјуто на Слободна Европа Пендаровски беше прашан дали се сретна досега со лидеротна ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, еве што одговори тој на ова.

– Се видов и со албанската опозиција и со албанските партии на власт. Се видов со македонските партии на власт, се видов со партиите на етничките малцинства, односно други етнички заедници кои не се мнозински, дури и со оние политички партии кои не гласаа за мене на претседателски избори, меѓутоа до сега не успеав да направам средба до господинот Мицкоски, со образложение дека сега не е моментот, рече претседателот.

Целото интервју прочитајте го ТУКА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од Основното јавно обвинителство информираа дека девојката Ангела Ѓ. е една од двајцата уапсени, осомничени за убиството на Пино чие тело беше пронајдено во атарот на селото Љуботен. Првоосомничениот Али Фуркан се уште е во бегство.

ЕКСКЛУЗИВНО: Утре ќе се врши оценка на обвинението на убиецот на Пино, Ангела Георгиевска!

Момче со ведрина и желба за живот, мајката на Пино Маја Трпковска вака го опишуваше...

Двете страни сакаат до утре да размислат како да најдат заедничка позиција на самитот на ЕУ, кои, како што наведе Меркел, треба да бидат прифатливи и за другите ЕУ-членки

За Макрон прерано е за преговори, Меркел се надева на компромис

Претседателот на Франција Емануел Макрон смета дека Северна Македонија и Албанија...

– Во јуни добивме порака дека Северна Македонија исполни се, но поради календарски услогласувања на земјите членки на ЕУ добрата вест за старт на преговорите ќе ни пристигне во октомври. Октомври дојде и ние сме во Брисел, ја очекуваме заслужената вест за одлука за преговори за нашата стратешка цел членство во ЕУ, истакна Заев.

Заев: Очекуваме одлука сега и веднаш, одложувањето ќе има негативни последици

По се што направивме убедени сме дека треба да добиеме одлука за почеток на пореговорите...