Претседателот Пендаровски се очекува се денеска во своето обраќање да ги ги соопшти своите ставови во врска со вонредната состојба и ситуацијата со пандемијата на Ковид-19, од што зависи и владината најава за одржување на предвремените избори на 5ти јули. Премиерот Спасовски и претседателот на СДСМ, Заев вчера изјавија дека нема потреба од нова вонредна состојба и дека ситуацијата со коронакризата е под контрола. Но, бројот на новозаразени од Ковид-19 во последните две недели нагло порасна, за жал се зголеми и бројот на починати лица. Од извори во владејачката СДСМ дознаваме дека Пендаровски ќе ја држи линијата на владата и нема да ја продолжи вонредната состојба, која истекува в сабота на 14 јуни.
Македонија во моментов е со техничка Влада, која има мандат да организира парламентарни избори, откако Собранието се распушти во февруари. Но, пандемијата со коронавирусот ги промени плановите за изборите, па така тие со Уредба со законска сила беа одложени и државата е во вонредна состојба од 18 март. Во моментот кога се прогласи првата вонредна состојба во Македонија имаше само 42 позитивни случаи на Ковид-19 и ниеден починат, а вчерашниот пресек на ситуацијата беше дека има вкупно 3538 заразени (од кои 1682 се активни случаи) и вкупно 169 лица кои починале од Корона-вирусот. Истовремено бројот на нови позитивни случаи во Хрватска и Црна Гора вчера беше нула, во Словенија само 2 нови случаи, додека во Србија 71 нов заразен од корона вирусот.
Во Македонија вчера имаше 175 нови заразени и 5 починати лица од Ковид-19. Од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ различно гледаат на ситуацијата, односно владеачката партија тврди дека состојбата е под контрола, додека опозиција критикува дека двоецот Караџовски-Филипче имаат неуспешна стратегија за менаџирање на пандемијата. Во моментов нема официјални информации за тоа дали лидерите на партиите нешто се договараат околу усогласен датум за изборите, а вчера Зоран Заев за ТВ21 изјави дека избори мора да има на 5-ти јули и дека околу тоа нема дискусија. Сепак се очекува денеска напладне, кога претседателот Пендаровски ќе има обраќање, да се добијат некои одговори за тоа дали ќе има евентуална нова лидерска средба за да се усогласи датумот за предвремените избори.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.