Пендаровси редовно ја шамара власта

Објавил: Узунов Бобан | 30 септември, 2019 20:04

Пендаровски: Не може да се пофалиме дека имаме западно-европски стандарди

Фото/Текст извор: ©магазин

Правна сигурност е предуслов и за банкарскиот сектори и за бизнисот, со неа е поврзан и процесот на иселување на младите, иако се направени позитивни чекори од 2016 година наваму, ние 30 години не може да се пофалиме со тоа дека имаме стандарди на ниво од западно-европските држави и скандинавските држави

Ова го истакна претседателот Стево Пендаровски денеска на средба со членки на Македонската банкарска асоцијација, на која банкарите ги покажаа постигнатите резултати, но и посочија на предизвици што претсојат пред нив.

Факт е дека во 2015 -2016 година бевме во прилично длабока политичка криза и објективно стигнавме за кус временски период до едно ниво на стабилизација на државата до ниво да можеме да зборуваме за датум за преговори со ЕУ и за неколку месеци да зборуваме за полноправно членство во НАТО, истакна Пендаровски.

Оцени дека нам ни се потребни и ЕУ и НАТО со сите нивни трансформации. – За држави кои се во транзиција и се уште трагаат по европски стандарди во сите области, таа организација е значајна, рече Пендаровски.

Во делот на етаблирање на правна држава не можеме да се пофалиме 30 години наназад со високи стандарди. Ниту еден политичар сега на власт или во опозиција, ни порано на власт или опозиција може да тврди дека во нашата, сега Република Северна Македонија постои правна држава на ниво на скандинавските земји или западноевропските држави. Не спорам дека сме направиле голем искчекор во таа насока, но имаме уште многу работа и не случајно секоја следна членка во ЕУ почнува со поглавјето 23, потенцира претседателот.

Порача дека во последните афери тоа е тест за правната држава, за системот на правната држава во оваа состојба што ја имаме во моменот.

Ние мора да одреагираме на ниво на систем, не на ниво на политичар. Еден обвинител кој постапил добро, системот не постапил добро. Ова е тест во смисла не смее да се случи никакво евентуално вмешување од страна, дали од бизнис заедницата, дали од политичката страна за да го истераме до крај и да покажеме дека и кога се вмешани високи интереси, големи пари, и луѓе кои биле на висока функција, како специјален јавен обвинител, што не е мала функција, да покажеме дека судскиот и правосудниот систем во целина може да одреагира и да заврши постапката според сите закони. Инаку во спротивно не можете да ги убедите граѓаните дека има правна држава која важи за сите, рече Пендаровски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој се заблагодари на полициските службеници и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи за професионалниот и одговорниот пристап во обезбедување на здравствената сигурност на граѓаните.

ЧУЛЕВ: Благодарност до граѓаните за високото ниво на одговорност и свесност кои ги покажаа во изминатиот период!

Владата на денешната седница донесе одлука со која oд утре целосно престанува да важи...

Сите лица во државен карантин може да направат тест и да бидат упатени во домашна самоизолација, вели Спасовски!

Кафулињата се отвораат во четврток: Укинат полицискиот час, од утре нема рестрикции на движењето!

Премиерот Оливер Спасовски на вечерашната прес конференција соопшти дека Владата...