Средбата меѓу Пендаровски и Макрон, како што потврдија од Кабинетот на претседателот, ќе се одржи на 12 ноември, кога Пендаровски ќе учествува на Парискиот мировен форум.

Објавил: Весна Петровска | 6 ноември, 2019 11:35

Пендаровски од Макрон директно ќе ги слушне француските ставови за проширувањето

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Претседателот Стево Пендаровски идната недела ќе се сретне со неговиот француски колега Емануел Макрон, и ќе има можност директно од шефот на француската држава да ги слушне ставовите на Франција за проширувањето и за новата методологија на преговарање.

Средбата меѓу Пендаровски и Макрон, како што потврдија од Кабинетот на претседателот, ќе се одржи на 12 ноември, кога Пендаровски ќе учествува на Парискиот мировен форум.

Пендаровски завчера рече дека во наредниот период треба да добиеме посилен сигнал дали наскоро ќе може да се измени крајно неповолниот исход на последниот европски самит, пред сè Франција, која беше против почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.

Париз инсистира на претходни внатрешни реформи во ЕУ и промена на методологијата за прием на нови земји членки.

По шокот со француската блокада за почеток на преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, институтите и тинк-тенк организациите во Брисел сѐ уште ги анализираат причините и последиците од неочекуваното вето на францускиот претседател Емануел Макрон.

Но, за едно се согласни сите, одлуката на Макрон „во ниту еден случај не е поврзана со Северна Македонија и Албанија, ниту со Западниот Балкан како регион“, вели во разговор за МИА Роза Балфур, аналитичарка во Германскиот Маршалов Фонд (ГМФ) и експертка за политиката на проширување и институционалните прашања.


Заменик-претседателката на францускиот Сенат и членка на Комисијата за надворешни работи, одбрана и вооружени сили, која е во дводневна посета на земјава, во интервју за МИА рече дека пораката на Франција не треба да биде сфатена како негативна активност кон Македонија.

– Разбираме дека сигналот којшто беше даден е многу негативен и не сакаме тоа да предизвика реакција против Франција и против нејзиниот став, но таа порака треба да биде сфатена дека не станува збор за негативна активност кон Македонија. Франција смета дека сите земји од регионот се дел од европскиот континент, но неопходно е денес за ЕУ да се реформира внатре, вели во интервју за МИА Конвe-Муре.

Според неа, не станува збор за вето, ниту за одбивање од страна на Франција, затоа што Франција не сака да го блокира процесот, туку само се изјасни негативно во однос на прашањето, затоа што можеби денес ЕУ не е подготвена да прифати нови земји членки и неопходно е да се видат одредени критериуми коишто ќе помогнат да се пристапи кон членство и прифаќање нови земји кандидати.

Во однос на можноста наскоро Париз да ги изнесе своите предлози за новата методологија за проширување, француската сенаторка вели дека извршната власт сигурно работи на тоа, но таа како член на Сенатот воопшто не е во можност да зборува за рокови.

Францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние завчера во Собранието рече дека процесот на ревизија на ЕУ постои и доколку се дадат позитивни точки до мај и од ваша и од наша страна мислам дека ќе добиеме добри вести.

Во претседателската палата во Париз викендов се работело на новата методологија за проширување која ќе им биде понудена на земјите членки на ЕУ. Ова завчера на средба со претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби го пренела потпретседателката на францускиот Сенат, Елен Конве-Муре.

– Тоа што ме информираа беше многу охрабрувачки дека викендов се работело во претседателската палата во Париз и дека набрзо ќе излезат со нова методологија за проширување која ќе им биде понудена на земјите членки на ЕУ, што е нов момент на којшто би можеле да го градиме нашиот наратив во време на вакуум помеѓу недонесување одлука и нов самит не знаејќи што ќе се случува во рамките на ЕУ, рече Груби.

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, кој престојуваше во официјална посета на земјава, вчера на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев рече дека за време на последниот Совет на ЕУ имаше приговори што доаѓаа од три влади на земји членки на ЕУ и овие предлози не доведоа до заклучување на одлуката.

– Во суштина немаше „не“ за датум, немаше негирање на прашањето за започнување преговори, но имаше еден вид условување, дека нешто повеќе треба да се стори. Во овој момент тие влади се во фаза на премислување, односно ги разгледуваат одлуките што ги донеле, но морам да нагласам дека не слушнавме едно категорично „не“, појасни претседателот на Европарламентот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Јанев, кој е член на Њујоршката академија на науките и научен советник на Институтот за политички науки во Белград, ја поздрави заложбата на Гордана Силјановска Давкова, носител на листата на опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица, за поништување на Преспанскиот договор!

Проф. Јанев: Не постои човечко суштество со здрав разум кое би гласало за СДС!

Професорот Игор Јанев, експерт по меѓународна политика и меѓународно право, со порака...

На 15 јули мнозинството граѓани ги порази деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ, а по победата, ние како одговрна партија, како одговорна коалиција ќе покажеме дека мoжеме и уште подобро и уште повеќе, тврди Заев!

ЗАЕВ: Остануваат 22 дена до денот на победата на СДСМ и Коалицијата!

За 22 дена од сега, граѓаните ќе потврдат дека грижата за здравјето, развојот на економијата,...

-Во моментов во тек се консултации со академската заедница, невладините организации – рече Ахмети, додавајќи дека имаат неколку имиња за кандидат за кои се консултираат.

ДУИ ќе го објави кандидатот за премиер на првиот ден од изборната кампања

ДУИ ќе го објави кандидатот за премиер на првиот ден од изборната кампања, најави партискиот...

15 јули е денот кога граѓаните ќе потврдат дека продолжуваме на правиот пат, патот кон развој и напредок, кон економски раст и интеграција, тврди лидерот на СДСМ, Зоран Заев!

ЗАЕВ: 15 јули, денот на изборите ќе биде неработен ден за сите граѓани во Македонија!

СДСМ го заклучи 15 јули како конечен, последен и единствен датум за избори на коишто...