Стево Пендаровски открива дека ја сака музиката но вели дека тој е повеќе медитерански тип

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 април, 2019 10:42

Пендаровски: Откако влегов во политиката станав поубав за девојките

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашната емисија Еден на Еден, гости беа кандидатите за претседател, Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски. Емисијата беше  прилично интересна бидејќи и професорката и Пендаровски открија интересни нешта за себе кои не и се познати на јавноста.

Професорката Силјановска играше рокенрол со водителот на емисијата, таа се опиша себеси како љубител на музиката и како поранешна диско кралица. Таа откри дека во младоста имала момче чии другари велеле дека таа не е за него, но откако виделе како таа танцува веднаш и се кренал угледот. Професорката Силјановска откри дека омилени места за излегување и биле Турист, Бристол,Мусандра, каде била “главна на подиумот”.

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски открива дека откако станал политичар, станал и популарен кај девојките

И Стево Пендаровски открива дека ја сака музиката но вели дека тој е повеќе медитерански тип и му се допаѓаат песни во стилот на покојниот Оливер Драгоевич.

Најголем впечаток на гледачите секако остави одговорот на Пендаровски каде наведува дека поради политиката станал популарен кај девојките. На прашањето дали во младоста Пендаровски важел за фраер по кого “трчале девојките”, тој одговори дека откако влегол во политиката буквално се се сменило.

Откако почнав да се занимавам со политика, станав попопуларен кај девојките . Тоа сакам да им кажам на момчињата, ако сакате да бидете популарни, почнете да се занимавате со политика. Во 1996 година првпат се по јавив на државната телевизија, тогаш и немаше многу приватни,пред повеќе од 20 години. Тоа беа почетоците кога влегував во политичкиот живот, тогаш преку ноќ станав поубав– одговори Пендаровски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Таа на својот Фејсбук профил објави фотографии од натпреварот, а на трибините во салата „Јане Сандански“ ги бодреше Вардарци,

ФОТО: Професорката Силјановска од трибините ги бодреше „Вардарци“

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО, Гордана Силјановска Давкова вечерва...

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена во почетокот на следната година ќе постанат родители по трети пат.

ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Кон крајот на јануари ќе пристигне трето дете во фамилијата Ѓоковиќ !

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ, во почетокот...

Назан има богата актерска кариера и до сега има играно во околу 20-тина серии и исто толку театарски и филмски улоги.

Фазилет во познатата серија е многу сиромашна, но во приватноста таа вреди милиони

Познатата турска актерка Назан Кесал, која на гледачите им е позната по улогата на...