Стево Пендаровски за правата на грчките Македонци

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 јули, 2018 12:37

Пендаровски откри грчки Македонци кои не ги знае ни Грција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пендаровски од функција на Национален координатор за НАТО откри Грци кои се чувствуваат како Македонци иако Грција нема граѓани кои се декларирале како грчки Македонци.

Во регионот кој Грција го именува како Македонија никогаш немало етничко па ни национално изјаснување “Македонец” кој не бил од Македонија што значи Пендаровски или оствари епохално историско откритие или не знаеше што сака да каже.

“Јас мислам дека Грција нема да го прекрши Договорот и ќе се придржува до него. Овој Договор води сметка и за нивните национални интереси. Спорот од самиот почеток беше асиметричен – се бараше промена на нашето име. Нашата историја не не учеше дека во Грција има Македонци – различни од оние кои го зборуваат македонскиот јазик. Мора да го почитуваме тоа ако некој се смета себеси за Македонец.”

Пендаровски освен предвидувањата дека и Грција можеби ќе го ратификува Договорот се погрижи да каже збор – два и за етничките заедници во Македонија и нивното маргинализирање – намерно или не – заборавајќи дека со Договорот со Грција но и со Договорот со Бугарија ние си го негираме т.е. се откажуваме од постоењето на наше – Македонско малцинство во овие соседни земји.

“Оваа држава е мултиетничка. Државните институции во една ваква Македонија не може да бидат етницирани. Затоа не може да биде Македонска Радио Телевизија туку Телевизија на Македонија.”

Значи битно е да се почитуваат правата на Грците кои се Македонци – затоа што протераните Македонци од Грција наскоро може и да ги “нема”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.