Одговарајќи на новинарско прашање, Пендаровски појасни дека ги повикал надлежните да ги прекинат колективните годишни одмори во времето кога овој случај почнал да се развива во јавноста, бидејќи сметал дека аферата има такви пропорции што не може да се дозволи да има колективен годишен одмор во време кога јавноста очекува резултати.

Објавил: Валерија Петрова | 23 септември, 2019 18:28

Пендаровски порача: Секој што е спомнат во РЕКЕТ веднаш да се јави во ОЈО

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Врховниот командант пред цела македонска јавност изјави дека секој кој е на некаков начин изнволвиран или споменат за случајот Рекет веднаш да се јават да дадат изјави, а не да чекаат да бидат повикани од ОЈО.

– Мислам дека секој што е споменат, треба да даде изјави, дури и ако не е повикан од надлежен орган. Едноставно, како политичари сме должни да дадеме чист одговор пред јавноста дали преку соопштение или преку изјави пред надлежен орган и да кажеме – јас со таа и таа работа немам ништо, изјави Стево Пендаровски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Пендаровски појасни дека ги повикал надлежните да ги прекинат колективните годишни одмори во времето кога овој случај почнал да се развива во јавноста, бидејќи сметал дека аферата има такви пропорции што не може да се дозволи да има колективен годишен одмор во време кога јавноста очекува резултати.

– Околу темпото на истрагата, не можам да се мешам. Јас не повикав што е можно побрзо и не дадов рок до кога треба да има подигнато обвинение. Можеби нема да има. Јас повикав само да престанеме со користење на годишните одмори, бидејќи тоа не беше соодветно во тој момент, истакна Пендаровски.

Тој потсети дека на прес-конференцијата што ја одржал на 12 август кажал дека нема никаква релација со луѓето што се споменуваат и најави дека и во иднина има намера и за себеси и за луѓето од неговиот Кабинет, ако на било кој начин се споменати во било какви претпоставени незаконски дејства, да излезе со соопштение или со јавна изјава и да се даде отчет пред јавноста.

– Ние сме платени да дадеме отчет пред граѓаните, дури да дадеме одговор и на најнеоснованите конструкции што може да се направат. Ние сме должни да трпиме повисоко ниво на критика и јас ги повикувам и политичарите и позицијата и опозицијата и граѓаните тоа да го прават. Ние не смееме да бидеме херметични затворени во кабинетите и да чекаме да не повика официјален државен орган, рече Пендаровски.

Инаку Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице денеска ја посети општина Велес.

Претседателот Пендаровски на почетокот на посетата, заедно со градоначалникот Аце Коцевски, засади садници на опожарените места крај езерото Младост. Станува збор за површина од 409 хектари зафатена со пожар кон крајот на август. Во моментов, локацијата се расчистува и подготвува за пошумување.

Идејата на овој вид посети, како што истакна претседателот Пендаровски, e да се види лице в лице со граѓаните, во нивните домови, работни места, во институциите, да поразговара за нивните проблеми, како и за можноста да им помогне.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Миле Јовановски и Виктор Стојчев се соседи. Јовановски е обвинет дека физички го нападнал Стојчев и тешко го повредил. Сведок на настанот бил и Боки 13, кој денес заради економичност на постапката не беше спроведен од затворот во Шутка каде што е во притвор како обвинет во „Рекет“. Но, тој ќе сведочи понатаму, пишува СДК.мк

НЕ СУМ СТАЛОНЕ ДА ГО ИСТЕПАМ ПОПОТ ЗА МИНУТА – вака дрско одговори таткото на Боки 13 по судењето за физички напад

Без воопшто да го извести судот, скопската обвинителката Имран Османи едноставно не...

Двајца возачи на патничко моторно возило, сопатник и еден пешак биле тешко повредени во четири од вкупно 30 сообраќајни незгоди што изминатиот викенд се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

КАДЕ ЌЕ МУ ОДИ ДУШАТА: Со автомобил помина на црвено, удри пешак кај Соборна и избега

Сообраќајна несреќа се случила денеска на раскрсницата кај Соборен Храм. -Пред 5 мин....

Исто така една изборна единица е предлог од 12 пратеници меѓу кои има и вонпарламентарни а според нив ќе обезбеди плурализација, поголем избор за граѓаните и демократизација.

Изборите повторно без попис – Македонците повторно не избројани

Одлуката за предвремени парламентарни избори токму во април кога конечно требаше...