На ниво на системски решенија контра пандемијата во нашата држава не се разликуваше многу од непосредното опкружување, ниту од другите држави во светот, повеќе или помалку. Практично јадрото на тоа, на тие политики, на тие мерки, беа препораките на СЗО. Но нормално е дека во држави коишто немаат такви ресурси и држави кои во историска смисла се колку вчера осамостоени, и немаат подолга институционална меморија да ги планираат на стратешки начин следните децении и децении дека ќе се случуваат вакви испади од системот, да ги речам. Значи мерките беа тие, но во делот на примената на мерките ние потфрливме, како држава зборувам, но тоа не е потфрлање на владата во целина, тоа е потфрлање на некои важни сегменти од општеството и се разбира потфрлање на дел од граѓаните кои се уште не се свесни дека тие мерки мора да се применуваат, тоа е единствен начин за превенција на оваа зараза, кажа претседателот на Македонија во интервју за Радио Слободна Европа.
Пендаровски во интервјуто вели дека според него Владата можела да го спречи вториот бран после верските празници.
-Јас мислам дека делови од владата со тоа што селективно ги применуваат мерките, прописите и законите во однос на верските заедници конкретно мислам дека дополнително придонесоа да се шири вирусот, меѓутоа не можете да ги исклучите од одговорност и клучните верски лидери или поодделни регионални верски лидери и во ИВЗ и во МПЦ кои постапија комплетно неодговорно кон сопственото здравје и здравјето на верниците, меѓудругото, кога повикуваа на чествување или следење на тие црковни или верски протоколи без комплетно почитување на препораките. Јас го реков тоа и на првата моја прес-конференција по повод првата вонредна состојба, ако е можно Саудиска Арабија со клуч да ги затвори џамиите, ако е возможно папата само, комплетно сам, да држи миса, не гледам причина нашите цркви и џамии да бидат делумно отворени. И ние во тие две најголеми верски деноминации селективно да ги применуваме прописите, или работат или неработат – кажа Пендаровски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.