Министерот за надворешни работи Никола Димитров пред јавноста сподели порака што му била упатена од европските земји:

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 август, 2019 17:17

Пендаровски со порака: Случајот Рекет не е пречка за влез во ЕУ, но може да стане

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на државата Стево Пендаровски и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров речиси со идентични ставови гледаат на можноста аферта Рекет да го спречи влезот во ЕУ.

Аферата „Рекет“ не е пречка за добивање датум за преговори со ЕУ, но може да стане доколку институциите не покажат потенцијал да се справат со неа, истакнаа Димитров и Пендаровски пред членовите на Амбасадорскиот совет.

Претседателот Стево Пендаровски истакна дека аферата „Рекет“ не е пречка за добивање датум за преговори со ЕУ, но може да стане доколку институциите не покажат потенцијал да се справат со неа.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров пред јавноста сподели порака што му била упатена од европските земји:

„Корупција има секаде, важно е како ќе се справите со неа“. Затоа апелира  обвинителството да води непристрасна и темелна истрага, без оглед на тоа до која позиција во државата ќе стигне, и истакна дека втората важна работа, што може да биде од голема помош за добивање датум во октомври, е јасна политичка волја за гонење висока корупција, односно донесување на нов Закон за обвинителство.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар истакна дека со актуелниот случај Рекет, македонското судство ја има најважната работа, а тоа е да ја врати довербата кај граѓаните.

Мислам дека судството сфаќа дека можеби ја има последната шанса повторно да ја изгради довербата кај граѓаните со независна, целосна и брза истрага и со процесуирање на случајот „Рекет“, како и на сите други случаи на СЈО. Судството треба да најде сила да му даде отпор на притисокот, независно од каде тој доаѓа. Во тоа има целосна поддршка од наша страна, рече евроамбасадорот.

Извор Телма.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Македонија ја нема ниту на агендата на Советот на Европската Унија. Во најавата за темите за кои ќе се зборува во Луксембург, нашата држава не е ни спомената. Не само Македонија, и проширувањето не е на ниту една точка од најавите за приоритетите на највисокото тело на Унијата.

Македонија никаде не е се споменува – ја нема ниту во агендата на ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера беше на средба со претседателот Макрон,...

„Ако ме обесите и тоа го претставите како самоубиство или пак ме ако ме тепате, мачеле, со убаво ви кажувам за да не биде дека не сте знаеле, никој нема да биде поштеден“, се заканил Бојан Јовановски алијас Боки 13, пишува медиумот.

АЛАРМАНТНО: Боки 13 итно пренесен во болница – животот на конец

Нова драма во затворот Шутка, на првоосомничениот Бојан Јовановски повторно му се...

Состојбата на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“, е стабилна и денеска треба да биде пуштена од болничко лекување и вратена во затворот „Скопје“.

ЛЕКАРИТЕ И ДАДОА ОТПУСНА НА ЈАНЕВА -Катица се враќа зад решетки

Здравствената состојба на екс специјалната обвинителка Катица Јанева е подобрена...