Стево Пендаровски најави повлекување по евентуален пораз на претседателските избори

Објавил: Узунов Бобан | 18 април, 2019 8:07

Пендаровски со “тенки нерви” за да остане во политиката

Фото/Текст извор: ©магазин

На синоќешниот тв дуел на АЛСАТ М претседателскиот кандидат на власта Стево Пендаровски изјави дека ќе се повлече од политика доколку изгуби на овие избори бидејќи немал нерви ако неговите тези овојпат не поминат. 

Ако не успеам овој пат ќе се повлечам, немам повеќе нерви да се занимавам со политика ако моите тези овој пат не поминат, рече Стево Пендаровски кој беше дел од дебатата на телевизија Алсат М.

-Но доколку ме изберат едвај чекам како претседател полицијата да ме казни, зошто тоа ќе биде преседан, рече Пендаровски.


На претседателските избори во 2014 година во првиот круг кој се одржа на 13 април 2014  актуeлниот претседател Ѓорѓе Иванов  освои 448.303 гласови односно 51,65%, додека второпласиран бил Пендаровски со 326.069 гласови или 37,57% од избирачите кои гласале или со 121.974 повеќе гласови за Ѓорѓе Иванов. 

Во вториот кругт круг кој  се одржа на 27 април 2014 година  победи кандидатот на ВМРО-ДПНМЕ Ѓорѓе Иванов со освоени 534.910 гласови наспроти кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски со 398.077 гласови или со разлика од 136.833 гласови.


На јавните настапи Стево Пендаровски за овој тежок пораз на претседателските избори често изјавува дека на тие избори победата му била украдена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ременски вели дека со Бојан Јовановски, таа се запознала сосема случајно во периодот кога тој сакал да и се заблагодари поради спасот на неговата мајка која работи во Труд и социјална политика.

Ременски: Боки го запознав случајно, ми се заблагодаруваше бидејќи ја “спасив” неговата мајка

Фросина Ременски, поранешната пратеничка и потпретседателка на Собранието, која ја...

На 88-годишна возраст, во неделата во Охрид почина Томислав Кичеец, доајен на адвокатурата во Охрид и Македонија.

Почина легендата на адвокатурата во Охрид и Македонија Томислав Кичеец

На 88-годишна возраст, во неделата во Охрид почина Томислав Кичеец, доајен на адвокатурата...