
Македонија
Вести
Претседателот Стево Пендаровски им ги честита на граѓаните новогодишните празници и им посака благосостојба и добро здравје.
,,Во нашиот заеднички дом посакувам, пред се’, да владее мир и спокој до кој ќе дојдеме преку граѓанско помирување втемелено врз правда и вистина.
Посакувам благосостојба, втемелена врз евроатлантска безбедност и вредности.
Почитувани граѓани на сите Ви посакувам добро здравје и меѓусебна почит. Затоа, да ги напуштиме поделбите, да се почитуваме и помагаме. А ние политичарите, ако сакаме младите да живеат тука, тогаш, уште од сега, мора да работиме со двојно поголем ангажман, за демократска држава и за слободно, хумано и солидарно општество.
Нека ни е среќна и бериќетна новата 2020 година!“-вели во новогодишната видео порака претседателот, Стево Пендаровски.
По премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски, честитка за новогодишните празници упати и министерот за здравство Венко Филипче.
Тој ја честиташе новата 2020 година на сите граѓани, и им посака добро здравје, среќна и успешна година.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.