Нека ни е честит Божик! Христос се роди!

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 јануари, 2020 15:15

Пендаровски со честитка: Христовото раѓање е празник кој дава смисла на нашето човекување!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на државата Стево Пендаровски, се обрати дограѓаните и упати честитка по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик.

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка по повод денот на Христовото раѓање- Божиќ!

– Дозволете ми, да ви го честитам големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик. Од се срце посакувам празничните денови да ги пречекаме во добро здравје, радост и среќа споделувајќи љубов и хармонија со нашите најблиски. Празничните денови кои ги минуваме во нашите домови исполнети со светлина и топлина, нека не инспирираат да се грижиме и да им подадеме рака на сите на кои им е потребна материјална и духовна поткрепа.Христовото раѓање е празник кој дава смисла на нашето човекување и ни ја всадува вербата во подобро утре исполнето со мир, љубов и благосостојба. Пораките на овој празник нека допрат до нашите срца и нека не следат цела година давајќи ни сила заеднички да се соочиме со сите предизвици кои ни претстојат. Само со заедништво, солидарност, разбирање и меѓусебна почит ќе дојдеме до личен просперитет и развој и напредок на нашата татковина, вели Пендаровски.

Нека ни е честит Божик! Христос се роди!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Освен со Заев и Спасовски, тој може да се забележи и со претседателот Пендаровски, со неговиот портарол Миле Бошњаковски но и со Мухамед Зекири.

Ноќеска полицијата уапси познат криминалец близок до СДСМ

Полициските сили на СВР Скопје вечерва го уапсиле Нафи Абдиоски, познат криминалец...

Потпишани се законите за јавното обвинителство како и изменувањето и дополнувањето на Законот за Советот на јавните обвинители, информираат од кабинетот на Пендаровски.

Пендаровски уште на скали го потпишал законот за ЈО!

Претседателот Стево Пендаровски, попладнево ги потпиша Указите за прогласување на...

Ова е денот за кој се обврзав пред моите соработници, пред партијата кон која три години тие истите водат прогон. Пред народот кон кој сакаат да го избришат.

МИЦКОСКИ: Ова се три години на свиткана кичма, сменето име, избришан идентитет

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево на прес-конференција изјави дека...

Според Фрчкоски причината за критиките на експертите за законот е во очекувањата дека по победата на ВМРО-ДПМНЕ тие би добиле нешто од новата власт.

НЕВИДЕН СТИЛ: За Фрчкоски експертите кои го критикуваат законот за ЈО се “ДРОЉИ” И “ТЕТКИ“(ВИДЕО)

Екс министерот за внатрешни и надворешни работи и кандидат за претседател на Македонија...