Пендаровски ја почна кампањата со југо-популизам, како скромен човек со едно обично Југо и “Тетекс“ одело

Објавил: Данаил Михајловски | 7 март, 2019 22:13

Пендаровски треба да одговори каква кола вози, а странските служби нека ги пријави во МВР

Фото/Текст извор: ©магазин

Изјавата на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски дека 24/7 бил следен од странски тајни служби блиски на опозицијата, предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи. Сепак, Пендаровски (не)намерно заборави да одговори на основното прашање “каква кола вози“? Дали Стево Пендаровски вози старо Југо или истото му служи само како реклама за лажна скромност, а можеби вози Фолксваген или Опел или Пежо? Дали Пендаровски има нешто да крие од јавноста или само има лоши советници за односи со јавноста?

Кирацовски, генералниот секретар на СДСМ, се обиде да го оправда Пендаровски, но му наметна незгодна обврска на министерот Спасовски: “Штом иден претседател на држава изјавува за одредени индиции, алудира на одредено следење од одредени служби од опозицијата, евидентно е дека истите постојат. Тука министерството за внатершни работи веднаш презеде иницијатива истите да бидат откриени и нормално истите да бидат изведени пред лицето на правдата. – изјави Кирацовски.

Несреќната изјава на Пендаровски, со која веројатно сакаше да се претстави како жртва, отвара една друга дилема: колку е способна власта да го заштити и да му овозможи безбедност на нејзиниот национален координатор за НАТО интеграции? Дали можеби Пендаровски алудира дека МВР е неспособно да го заштити или можеби во самото МВР има инсталации кои работат за странска држава? Како и да се одговори, за власта ова е незгодна тема. Оваа тема нема да заврши од денес за утре. Напротив, јавноста во секоја прилика ќе го прашува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дали добил пријава од Пендаровски, дали ги открил странските служби, дали политичарите во Македонија се безбедни, и кога тие “агенти“ ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

До вчера Пендаровски требаше на јавноста да и одговори само на едно прашање: каква кола вози? Од денес па до 5-ти Мај, ќе треба да одговара и на темата во која сам се заплетка: која странска служба го следи и дали власта е (не)способна да го заштити?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во врска со најавата на Заев за оставка ако не победи Шилегов за градоначалник, Петковски објаснува дека градоначалничката позција не е поврзана со позицијата на Владата.

Петковски: Неодговорна е изјавата на Заев дека ќе си поднесе оставка ако не победи Шилегов

Партиите изгубија, граѓаните добија на овие локални избори, вели Тито Петковски, во...

Директорот на МЕПСО објаснува дека во такви случаи се презема енергија од европската мрежа и досега земјава тоа го наравила четири пати без најава и добила четири предупредувања од Центарт во Швајцарија каде што се прават пресметките.

Директорот на МЕПСО за Телма: Трошиме двојно повеќе струја отколку што произведуваме, за октомври ќе треба да ѝ платиме на Европа 15 милиони евра

Директорот Куштрим Рамадани открива дека земјава четири пати без најава презела електрична...

Ковачки цитираше и дел од брифинзите, а потенцира и оти биле давани насоки и се договарани и физички пресметки како и закани по живот за прилепчани.

СКАНДАЛ: Полицајци блиски до СДСМ договарале малтретирање на граѓани за изборите

Полицајци блиски до СДСМ следеле членови на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборната кампања....