Македонија
Вести
Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до граѓаните со исламска вероисповед во Република Македонија и порача празникот да го поминат во добро здравје и среќа.
Во пресрет на празникот кој го потенцира дарувањето и солидарноста, посакувам и годинава Курбан бајрам да го поминеме во здравје, благосостојба и хармонија, помагајќи им на сите на кои им е потребна помош, поткрепа и безусловна љубов.
Дозволете да ја искористам оваа можност да Ве повикам и понатаму посветено да работиме на разбирањето и меѓусебното почитување без разлика на верска, етничка или која било друга припадност. Верувам дека со заеднички усилби конечно ќе изградиме едно општество во кое секој ќе се чувствува рамноправен и слободен.
Пендаровски, исто така упати честитка и до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, Реис–ул–улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи.
Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник Курбан бајрам.
Посакувам Исламската верска заедница и понатаму посветено да ја извршува својата мисија грижејќи се подеднакво за сите свои верници и да придонесува за развиена, просперитетна и демократска Република Македонија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.