Ставот на претседателот Стево Пендаровски и е познат на јавноста.

Објавил: Перо Милчин | 14 јуни, 2020 16:21

Пендаровски ќе воведе нова вонредна состојба, ама доколку има меѓупартиски договор за нов датум!

Фото/Текст извор: ©A1 on

Од кабинетотот на претседателот Стево Пендаровски по барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да воведе повторно вонредна состојба одговараат дека тоа може да се случи само по постигнат договор меѓу партиите.

Ставот на претседателот Стево Пендаровски и е познат на јавноста.

Претседателот е подготвен да донесе нова одлука за прогласување на вонредна состојба на територијата на цела држава, само доколку претходно биде постигнат меѓупартиски договор на сите политички субјекти за датум на предвремените парламентарни избори, заради создавање на правна рамка за нивно непречено организирање и спроведување, велат за А1он од кабинетот на Пендаровски.

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција го повика Пендаровски да ја продолжи вонредната состојба и за оваа време да се изработат протоколи за заштита на здравјето на граѓаните. Според Мицкоски првиот можен датум за избори е средината на јули.

 

„Господине Пендаровски, одважи се, осмели се. Ти сакаш и претендираше да бидеш татко на сите граѓани, имаш време денеска до крајот на денот да ја продолжиш вонредната состојба.Ние имаме два услови, јасни протоколи за здравјето на граѓаните, а втор е мисијата на ОБСЕ/ОДИХР да биде присутна на изборите. Доколку ОБСЕ/ОДИХР ја воспостави мисијата денеска, тогаш кампањата може да почне утре. Од она што можам да го видам е дека ОБСЕ/ОДИХР нема да праќа набљудувачка мисија туку оценувачка мисија“, рече Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Двајцата соговорници истакнаа подготвеност за продлабочена соработка во рамките на Европската народна партија.

Мицкоски заедно со Николоски и Стоилковиќ остварија средба со претседателот на Република Србија и лидер на СНС Вучиќ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски денес во Белград, заедно со...

ованчев додаде дека и во земјите во регионот имаше корона вирус, но властите таму подобро се справуваа и со вирусот и со економијата.
„Таму во регионот имаше одговорни влади кои што работеа и се грижеа за стопанството, за економијата, за граѓаните.

Јованчев до СДСМ: Поради вашата неспособност Македонија бележи најлош економски резултат споредбено со земјите од регионот

„Република Македонија е со негативна стапка на раст од -4.5% во 2020-тата година, и беше...

Според судот тие го загрозиле уставниот поредок, предизвикале чувство на несигурност кај граѓаните и го нарушиле угледот на земјава.

Шест и пол години за Велјановски, 6,3 за Јанакиески и Ристовски, 6 години за Атанасовски

Судот ги прогласи за виновни за организирање на настаните од 27 април во Собранието...