Одлуката е донесена во функција на спречување на ширењето на коронавирусот и отстранување на последиците од епидемијата, по прогласувањето кризна состојба

Објавил: Македонка Димкин | 14 март, 2020 10:45

Пендаровски ја пушти Македонската војска во Дебар!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, доцна синоќа донесе одлука за ангажирање на Армијата за поддршка на локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа и поддршка на полициските сили на МВР во обезбедување на дел од државната граница со Република Албанија на територијата на општина Дебар.

 »Одлуката е донесена во функција на спречување на ширењето на коронавирусот и отстранување на последиците од епидемијата, по прогласувањето кризна состојба на територијата на општините Дебар и Центар Жупа – појасни Пендаровски.

Единиците на Армијата ќе ги координираат своите активности и ќе соработуваат со локалната самоуправа во Дебар и Центар Жупа, полицијата, Центарот за управување со кризи и останатите институции на државата вклучени во справувањето со кризната состојба.

Владата вчера прогласи кризна состојба во Дебар и Центар Жупа, од каде се најголемиот дел случаи на коронавирус во земјава. Вчера беа регистрирани четворица новозаболени од Дебар кои се поврзани со брачната двојка кај која вирусот беше откриен на 6 март по нивното враќање од Италија.

Бројот на заболени во Македонија е 13, а првозаразената пацинетка е излекувана и се очекува да биде пуштена на домашно лекување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Оставена на милост и немилост Виолета вели дека мора да се снаоѓа сама, и да функционира без лекот кој и е неопходен. Вели и покрај тоа што министерот за здравство вели дека нема недостиг на лекови во државата, и дека се спремни за моменталната ситуација со Коронавирусот, сепак таа во секоја аптека го добива истиот одговор: Лекови нема!

РЕВОЛТИРАНА СКОПЈАНКА: Стравувам за својот живот, лековите кои ги користам ги нема во аптеките, сите залихи се на инфективно за лечење на пациентите заболени од Коронавирус!

Револтирана 65 годишна скопјанка која боледува од автоимуни заболувања за Магазин.мк...

Османи кој беше министер за здравство во периодот на пандемијата со свински грип истакна дека, по овој основ го советувал министерот Филипче. Османи кажа дека првата работа што му ја посочил на Филипче што сега треба да ја направат, како мала држава, е да се поврзат со големите држави, за во моментот кога ќе излезе вакцината, да може да ја купиме заедно.

Османи се сомнева во бројката на заболени од коронавирус: Сигурен сум дека бројот е поголем од 570!

Поранешниот министер за здравство и актуелен вицепремиер за европски прашања, Бујар...

Ова писмо е посветено на луѓето кои се во првата линија во борбата против заразната пандемија која одзема животи. Го пишувам поради мојата желба, морална совест, но пред се обврска, како човек да упатам јавна багодарност до секој еден од вас кој се жртвува себе си, својот живот и судбината на своите семејства за да ги спасите нашите животи и животите на нашите семејства.

Мицкоски изрази благодарност до здравствените работници: Вашиот деноноќен труд спасува животи!

Претседателот на најголемата политичка партија во земјава ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски...