"Путин пред два дена доби покана од неговиот јужнокорејски колега. Тој потврди дека дефинитивно ќе ја прифати таа покана кога ќе се вакцинира", рече Песков.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 септември, 2020 10:49

ПЕСКОВ ПОТВРДИ: Путин ќе се вакцинира со новата вакцина против корона!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Tanjug

„Рускиот претседател Владимир Путин планира да се вакцинира со новата руска вакцина против вирусот корона“, потврди вчера портпаролот на Кремељ, Димитриј Песков.

Путин планира да се вакцинира пред официјалното патување во Јужна Кореја, објави Песков.

“Путин пред два дена доби покана од неговиот јужнокорејски колега. Тој потврди дека дефинитивно ќе ја прифати таа покана кога ќе се вакцинира”, рече Песков.

Посочи дека засега не е можно да се процени степенот на загуба како резултат на вирусот корона. Глобалната економија ќе закрепнува долго време”, рече Путин и додаде дека за тоа ќе бидат потребни нестандардни решенија.

Повеќе од 8.200 нови случаи на коронавирус се регистрирани во Русија денес, што е зголемување  на бројот на нови инфекции.

Инаку пред неколку дена рускиот лидер истакна дека вакцината против вирусот корона треба да биде достапна за сите во догледно време.

Тој предложи на официјалните претставници на ООН да им се даваат бесплатни вакцини против вирусот.

“Русија е подготвена да им ја обезбеди на службените лица на ООН целата неопходна квалификувана помош. Меѓу другото, ние предлагаме бесплатно да ја предадеме нашата вакцина за доброволно вакцинирање на службеници на ООН и нивните сектори”, рече рускиот лидер на видео-конференцијата по повод 75-годишнината од Обединетите нации.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Додека пак црногорската влада одлучи од денеска да ги затвори угостителските објекти во уште пет општини Будва, Цетиње, Колашин, Улцињ и Жабљак.

Словенија денеска ќе прогласи состојба на епидемија

Словенечкиот премиер Јанез Јанша на Твитер објави дека в понеделник ќе биде прогласена...

Американците веруваат дека ќе успеат „да ја спроведат старата политика на распарчување на руската економија“ и да победат во трката со вооружување.

Напнати односи помеѓу САД и РУСИЈА: Рускиот амбасадор во Америка – Тие се убедени дека можат да ја разбијат нашата економија

САД се убедени во способноста на Вашингтон да ја „разбие руската економија“ и да победи...