„Доколку македонските Бугари тоа го декларираат за неопходно, бугарскиот може да се воведе како службен јазик“, тврди Петар Богојески, презентирајќи го својот небулозен концепт за Македонија за бугарскиот портал Фактор.

Објавил: Македонка Димкин | 9 март, 2020 0:43

Петар Богојески има антимакедонска чорба во главата, а не македонски концепт!

Фото/Текст извор: ©плусинфо

Со задоцнување од два месеца го прочитав интервјуто на Петар Богојески за бугарскиот портал Фактор, во коe тој ги промовира идеите на својата групировка претенциозно наречена „Македонски концепт“. На линкот што веќе го посочив можете и самите да го прочитате ова интервју и да сфатите дека во мислата на Богојески, всушност, нема никаква логика и конзистентност, туку само контрадикции, сервилност и желба да им се допадне на читателите на бугарскиот портал и на своите македонски спонзори.

Тоа, се разбира, не е причина Богојески да го обвиниме за „бугарашење“. Скраја било, тие етикети се дел од нашето неславно минато. Но, ако го прочитате ова интервју, самите ќе забележите дека овој човек – чии мотиви да се вмеша во изборната трка се очигледно од лукративна природа – нема никаков сериозен и одржлив политички концепт, а најмалку таков што би можел да се нарече македонски.

Небулозите на еден политички шапшал

Наместо тоа, Богојески се расфрла со тезата дека „лансирањето на каков и да било нов македонизам би бил катастрофа за Македонија“. И без да објасни што подразбира под таа негова глупава кованица „нов македонизам“, тој се нафрла на „изгубените политичари“, кои уште ги нарекува и „болшевици“ (додворување кон бугарската десница, претполагам), кои наводно најсилно биле концентрирани „во советскиот блок на ВМРО-ДПМНЕ“ (додворување кон спонзорот од Македонија и кон Американците). И потоа се наредени имињата на Христијан Мицкоски, Гордана Силјановска Давкова, Миленко Неделковски и моето. Сите заедно на чело со Никола Груевски.

Хахахахахаха! Само ординерна будалетинка можел да состави ваква петорка и да ја обедини на иста идеолошка и политичка линија!

Да бидат небулозите на овој политички шапшал комплетни, во интервјуто за бугарски Фактор тој ќе додаде дека и СДСМ не бил „имунизиран“ од ова, па и таму имало многу „тврди болшевици“. Не мисли Богојески на „бранковистите“ или на старите кадри на СДСМ, туку зборува за луѓе „на многу важни позиции во партијатата и на државни позиции, лансирани од владејачката коалиција“. Конечно, тука се и луѓето од албанскиот политички блок, вели тој. Кои се тие луѓе поименично, не смее да каже. Или не сака. Или не мисли на никого конкретно. Што е најверојатно. Бидејќи Богојески ионака не мисли ништо, само лупа ко Максим по дивизија.

Накусо, сите, веројатно освен оние што му го финансираат неговиот антимакедонски концепт под лажното име „Македонски концепт“, Богојески ги прогласил за „болшевици“ на „просоветски позиции“.

Доследно на антимакедонска позиција

Инаку, во интервјуто Петар Богојески јасно и прецизно ја елаборира својата антимакедонска позиција. Тој недвосмислено вели дека „македонската нација е политичка заедница на сите граѓани на македонската држава, секоја индивидуално, но и како дел од нивната етничка заедница, учествува и придонесува сеопфатно во нејзиниот устав како компактен политички организам“.

Понатаму, тој ја развива својата небулоза, внимавајќи да не им се замери на Бугарите. Па вели: „Во едно демократско општество, каде има политичари од различно етничко потекло на нашата политичка сцена, неприфатливо е да се игнорираат и да се спречат македонските Бугари да се изразуваат политички“.

Во ред, до тука со Богојески ќе се согласиме. Но, кутриот веднаш сфаќа дека зборува предизборно и дека ќе бара гласови од Македонци, па се обидува да поентира со контратеза: „Тие (македонските Бугари – м.з.) се Македонци исто како и секој друг македонски граѓанин. Со истите граѓански права и обврски. Сите сме деца на Македонија“.

Откако ќе ја лупне и оваа глупост, Богојески се сепнува и сфаќа дека дава интервју за бугарски портал и дека не е баш прикладно да каже дека македонските Бугари се Македонци и дека сите сме „деца на Македонија“. Зашто, меѓу македонските Бугари има многу кои мислат дека се Бугари а не Македонци и дека се деца на Бугарија. И нормално, оваа збрка во главата Богојески ќе ја заврши на неспорно антимакедонска позиција.

Па вели: „Постепено, терминот ‘македонски’ мора да започне да се сфаќа како политички, државен идентитет. Во минатото немавме држава и немавме можност да развиеме државен идентитет. Ние денес имаме земја и ја имаме оваа можност. Македонец е државјанин на Република Македонија, без оглед на етничката или верската припадност“. После седум децении државност, овој неписмењакович тврди дека во минатото сме немале држава?!?!

Ете, тоа е централната теза на Богојески – термините Македонија, Македонец и македонски се однесуваат на политички и на државен идентитет, а не на етнички идентитет. За него не постои етнички Македонец, зашто „Македонец е државјанин на Република Македонија“.

Бугарскиот јазик да биде службен како и албанскиот?!

Доследен на оваа фатална недоследност е и ставот на Богојески за македонскиот јазик, за кого ќе нагласи дека денеска е реалност, без оглед колку силна „србизација“ тој јазик претрпел (пак кутриот им се додворува на Бугарите, со потврда на тезата дека македонскиот јазик е „србизиран“ бугарски дијалект).

И еве го бисерот на политичката мисла на овој политички шапшал:

„Ние од ‘Македонски концепт’ нудиме ново решение за јазиците во Македонија. Наместо неуспешниот закон за Груевски и на Заев, исто така оспорен од Венецијанската комисија, предлагаме официјалните јазици да бидат јазиците што сите граѓани ги препознаваат како свој мајчин јазик, плус англискиот. На овој начин, доколку македонските Бугари тоа го декларираат за неопходно, бугарскиот може да се воведе како службен јазик. Македонскиот, англискиот и еден од другите официјални јазици по избор ќе бидат задолжителни во образовниот систем. На овој начин Албанците ќе го научат својот мајчин јазик без проблеми. Исто така, еден Бугарин од Македонија ќе може да го изучува својот мајчин јазик“.

Јако решение! Хахахахахаха!

Богојески навистина е политички неписмен. Тој не го разбира јазичното прашање во Македонија. Под службена употреба на еден јазик, тој го разбира правото на припадниците на една етничка група „да го изучуваат“ својот јазик. Па така, вели, Албанците ќе можат слободно да го изучуваат својот јазик. Овој човек, кој себеси се есапи за политичар, не знае дека Албанците својот јазик слободно го изучуваат 70 години, а борбата беше и останува тој јазик да заживее како службен јазик. Ако Богојески каже дека и бугарскиот јазик може да биде службен, тоа не значи дека луѓето кои се декларираат како Бугари во Македонија ќе можат да го изучуваат својот јазик (божем не го знаат) – не, тоа значи дека на сите табли имињата на државните институции ќе бидат испишани и на бугарски јазик, сите лични документи ќе бидат испишани и на бугарски јазик, во Собранието ќе се зборува и на бугарски јазик итн, итн…

Но, јас сум убеден дека Богојески не смислил ваков концепт, бидејќи од ова интервју е совршено јасно дека тој не е способен да смисли било каков концепт. Најмалку македонски. Концептот на „Македонски концепт“ е таа мала групировка (во која веројатно има и чесни и заведени луѓе) да послужи за предизборна пресметка со луѓето кои му пречат на СДСМ и кои Богојески поименично ги спомнува. Со еден збор, „Македонски концепт“ нема ништо македонско во себе, тој е само пропагандна алатка која треба на сегашниот режим да му помогне да се одржи на власт.

Бедно!

Пишува: Бранко Героски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Очекувам Судот да ја почувствува сугестијата на фактите и доказите кои ги изнесе и докажа Јавниот Обвинител.

МАЈКАТА НА ПИНО СЕКОНДО: Денеска во судницата во Скопје, повторно беше убиен мојот син!

Сакам со јавноста да споделам и пренесам порака, каква одлука и казна очекувам по завршеното...

Како тоа да не беше доволно, слушнавме дека црногорски бизнисмен од Русија на Зоран Заев и генескот на владата Рашковски им исплатил 300.000 евра и “им дал 2.000 квадрати“, секако не без интерес, друже Зоки како премиер да му ги врати барем петодупло. Им платил со пари од Русија.

ЛАТАС: Зоран Заев од обвинителите и судиите создаде партали за бришење патос по патот на својата корупција и кариера

За корупцијата на власта веќе не зборува само опозицијата туку и оние кои се во самата...

Владата и СДСМ на Боки 13 му давале потпис, писмени препораки за рекет и јавно му помагале да изгради слика за моќен човек близок до власта. Човек на кој не смее да му се одбие рекет. Така и било, без тие препораки и поддршка Боки не би можел да го рекетира ни Сејдо, автомеханичарот мој, а камоли олигарсиве.

ЛАТАС: Телефонот на Боки Тредичи се крие како најголема државна тајна!

Прво збор-два за коронава. Филипче прима плата само за да ни каже колку има нови заболени...

Можеби некому е страв од зараза ако излезе да гласа, ама само 5% заболуваат од вирусов. Ако остане оваа власт, 95% ќе бидат болни од страв, депресија, сиромаштија и дезориентација. И се друго што следи.

ЛАТАС: Спиеш ли мирно Суперфилипче- Носиш ли на душа починати заради твојата неспособност

Бујар Османи ни потврди дека ДУИ, а не граѓаните, ја избрале оваа власт во државава....