Ако дијаспората ја помага финансиската моќ на државата, тогаш логиката е да бидат дел од пописот, смета лидерот на НСДП Тито Петковски.
-Тие учествуваат на еден начин во земјата и сакаат да видат како се трошат нивните пари – вели Петковски на ТВ 24.
Осудените и притворените лица во Казнено-поправната установа К’шање во Куманово, пред два дена беа меѓу првите коишто ја имаа шансата да се попишат, со што официјално започна првата фаза од обемната статистичка операција во земјата.
Лични податоци, матичен број, место на живеење, кога се отселиле, која им била последна адреса во Македонија, каде престојувале, колкумина во семејството се македонски државјани, етничката и религиска припадност, дали поседуваат странско државјанство, кога последен пат биле во Македонија, колку често доаѓаат на посета. Ова се само дел од прашањата на коишто ќе треба да одговорат лицата кои се опфатени со првата фаза од пописот.
Процесот ќе се одвива преку интернет-апликација, достапна исклучиво од странство
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.